Македонскиот ас Иле Ристески ги тренираше фудбалерите на Силекс кик бокс (ФОТО)

Фудаблерите на Силекс тренираа кик бокс.

Тренерот на кратовчани го покани македонскиот кикбоксерски ас, Иле Ристески, да одржи тренинг, наместо со топка, фудбалерите вежбаа со ракавици, удираа во фокусери и удрија „тепање“.

„Им направив прекрасен кондиционен тренинг, комбиниран со реквизити, ластици и, нормално, малку кик бокс удари кои би им биле од корист на фудбалерите. Жикица Тасевски ми е пријател и подолго време ме канеше да одржам тренинг и да ги мотивирам тие прекрасни момци, затоа што парите не секогаш се мотивот за успех“, изјави Иле Ристески за Ipon.mk, додавајќи:

„На пример, јас од Прилеп, од нормално семејство, без суплементи и спонзорства успеав да станам јуниорски светски вице-првак во 2001 година, па професионален европски шампион во 2003 и 2007 во Берлин го освоив Светскиот куп покрај цела Србија, Русија, Украина, Полска, кои се веле сили во овој спорт“.

Ристески вели дека соработката нема да заврши тука.

Кај фудбалерите на Силекс можеше да се види задоволството од тренингот, но и од добрата забава тренирајќи кик-бокс.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО