И Кличко го анализираше мечот Мејведер-Мек Грегор (ВИДЕО)

Ги слушнавме анализите и впечатоците на речиси сите главни актери од боречките спортови откако мечот меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер конечно беше одржан минатиот викенд во Лас Вегас. Но, едно од големите имиња некако помина незабележан.

Уште пред три дена свое видување на овој боксерски мега меч даде сега веќе пензионираниот поранешен светски шампион во тешка категорија Владимир Кличко.

Украинецот е задоволен од она што го покажа шампионот на УФЦ. Тврди дека Мек Грегор не бил лесен противник, а дека неговата сила на удари предизвикала голема почит кај Мејведер, поради што тргнал нешто малку побавно од вообичаеното.

Целата анализа на Владимир погледнете ја во видеото:

https://youtu.be/yrRXdS9dles

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО