Утре во Скопје се одржува Меѓународниот џудо турнир „Миоки опен“.
Се очекува големо учество да домашни екипи и тимови од странство.
Натпревраите за возрасните категории У-13, У-15 и У-18.
Утре во Скопје се одржува Меѓународниот џудо турнир „Миоки опен“.
Се очекува големо учество да домашни екипи и тимови од странство.
Натпревраите за возрасните категории У-13, У-15 и У-18.
Екипата на Вардар е во Никшиќ, каде што денес ќе ги има последните провери пред „Златниот гонг“ во Скопје во рамките на 3.коло во Регионалната бокс лига кое ќе се одржува денес Црна Гора.
Ова е втор настан на РБЛ, првиот се одржа Бања Лука.
Екипата на Вардар ќе настапи со 5 боксери.
3.коло Регионална бокс лига:
Младинци
60 кг Леонард Лимај – Томислав Џиновиќ (Лозница)
63,5 кг Енис Алиу – Владимир Бериша (Сомбор)
Сениори
63,5 кг Дион Лена – Стефан Филиповиќ (Нови Пазар)
71 кг Алим Насуфи – Џиани Дедиќ (Железничар)
75 кг Ајхан Озмен – Вук Мичиќ (Славија)
Утре ќе се одржи 4.коло:
Младинци
57 кг Ален Рустемов – Филип Радовиќ (Никшиќ)/ Милан Чакширан (Сомбор) финале
Сениори
63, 5 кг Илхан Озмен – Вељко Глигориќ (Раднички Београд)/ Милош Гајиќ (Славија)
Првакот во перолесна категорија Александар Волкановски беше резерва за главната борба на настанот УФЦ 280 што се одржа неодамна во Абу Даби.
А настанот беше на чело на борбатаза титулата во лесна категорија во која Ислам Махачев го победи Чарлс Оливеира.
По мечот Дагестанецот го прозва Волкановски кој го прифати предизвикот и изјави дека влог во таа борба, покрај појасот, ќе биде и првото место на рангирањето на ‘П4П’.
Веднаш следеа критики, затоа што Александар ги кочи предизвикувачите во перолесна категорија. Шампионот сега одговори.
„Немојте да мислите дека ќе се борам на секои три месеци да ги задржам активни двете категории. Бев во ситуација во која многу луѓе не сакаат да бидат, по операцијата на раката. Но, на последниот настан сакав да се борам со кој било“, рече Александар Волкановски и додаде:
„Оние кои ја чекаат борбата за појасот можат да продолжат да чекаат. Но, јас нема да кочам никого. Имам чувство дека категоријата ме кочи мене, а не јас неа“.
Махчев и Волкановски усно го договорија својот меч, но сега се чека потегот на УФЦ. Голема е веројатноста нивната борба да биде договорена за 12 февруари во Перт.
На Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ се пријавени повеќе од 100 учесници, велат од БК Спартак.
Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани со почеток во 11 часот.
На турнирот учествуваат момчиња и девојчиња: момчиња во категоријата 2009-2012 во шест категории; момчиња во категоријата 2006-2008 во две категории и девојчиња во категорија 2010-2012 во две категории.
Покрај медалите за освоените места ќе бидат прогласени и победник на турнирот, најдобар техничар, најдобар домашен и најдобар странски борач.
Учество на турнирот имат најавено екипите на Балканец, Бучим, Бучим шампион (Конче), Киро Ристов (Таринци), Лирија, Карбинци, Борец, 7 Мај, Вардар, како и еден клуб од Солун, Грција, и еден од Петрич, Бугарија.
Организаторите очекуваат квалитени борби.
Инаку, Меѓународниот меморијален турнир во борење „Легендите на Спартак 2022“ ќе се одржи по 22-ри пат како продолжение на „Колев-Андонов“ и се одржува во спомен на сите борачи кои во изминатиот период дале придонес за развој и популаризација на борењето.
Сара Дука го освои вториот златен медал за Македонија во досегашниот дел од натпреварите на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бар, Црна Гора, во борби во јуниорска конкуренција. Младата дебарчанка во финалето славеше против Кристина Тријада Папа (Грција) 1-0.
Претходно, со злато се закити Драгана Ефтимовска и Катја Апостоловска со бронза во кадетска конкуренција во борби.
На петтото место се: Алдин Абази, Јована Мицовска, Јована Манчевска (кати).
За Македонија настапуваат 106 каратисти со 118 натпреварувачки влезови.
На Балакнското првенство учествуваат 944 каратисти од 10 држави со 1011 натпреварувачки влезови.
Резултати – Балканско првенство:
Јуниори
-48 кг
Сара Дука – златен
Сара Дука – Теони Рагкли (Грција)
Сара Дука – Андријана Станојевиќ (БиХ) 9-0
Сара Дука – Ирна Мујановиќ (БиХ) 4-1
Финале
Сара Дука – Кристина Тријада Папа (Грција) 1-0
Кадети
-47 кг
Катја Апостоловска – бронзен
Катја Апостоловска – Александра Јонексу (Романија) 6-0
Катја Апостоловска – Патриција Јуришиќ (БиХ) 0-5
Репсаж
Катја Апостоловска – Екатерина Сакса (Србија) 1-0
За бронза
Катја Апостоловска – Ема Јукиќ (Хрватска) 2-2
-54 кг
Драгана Ефтимовска – Штип – златен
Драгана Ефтимовска – Тинкара Лебен (Словенија) 0-0
Драгана Ефтимовска – Петра Бандиќ (Хрватска) 0-0
Драгана Ефтимовска – Уна Раковиќ (Црна Гора) 4-0
Драгана Ефтимовска – Анџела Рауковиќ (Србија) 0-0
Финале
Драгана Ефтимовска – Дуња Јововиќ (Србија)3-2
Во досегашниот дел од натпреварите на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бар, Црна Гора, македонските каратисти освоија златен и сребрен медал. Со злато се закити штипјанката Драгана Ефтимовска, а со бронза Катја Апостоловска
За Македонија настапуваат 106 каратисти со 118 натпреварувачки влезови.
На Балакнското првенство учествуваат 944 каратисти од 10 држави со 1011 натпреварувачки влезови.
Резултати Балканско првенство:
Кадети
-47 кг
Катја Апостоловска – бронзен
Катја Апостоловска – Александра Јонексу (Романија) 6-0
Катја Апостоловска – Патриција Јуришиќ (БиХ) 0-5
Репсаж
Катја Апостоловска – Екатерина Сакса (Србија) 1-0
За бронза
Катја Апостоловска – Ема Јукиќ (Хрватска) 2-2
-54 кг
Драгана Ефтимовска – Штип – златен
Драгана Ефтимовска – Тинкара Лебен (Словенија) 0-0
Драгана Ефтимовска – Петра Бандиќ (Хрватска) 0-0
Драгана Ефтимовска – Уна Раковиќ (Црна Гора) 4-0
Драгана Ефтимовска – Анџела Рауковиќ (Србија) 0-0
Финале
Драгана Ефтимовска – Дуња Јововиќ (Србија)3-2
На 5 ноември во Етихад арената во Абу Даби (ОАЕ) ќе се одржи боксерски меч во кој Дмитри Бивол ќе ја брани светската титула во ВБА Супер.
Противник му е непоразениот Жилберто Рамирез со феноменална статистика – 44-0. Храбриот Мексиканец постојано се обидува да го навреди рускиот спортист, буквално влегувајќи му во главата со изјави за претстојната борба и одмаздата за Сол Алварез.
Дмитри дејствува внимателно, но не заборава да ги одмери забелешките на противникот со неговите напади. За време на еден тренинг во Абу Даби Бивол беше запрашан колку е погоден од зборовите на Рамирез. Дмитри беше краток:
„Сака многу да зборува. Рамирез кажа многу големи зборови пред борбата. Тоа не ми е важно. Не сакам да му влегувам во главата. Сакам да бидам во мојата глава и да мислам само на менталитетот и подготовката .
Секоја борба го избегнував (се смее). Тоа го кажа многу пати, но не е вистина. Знам дека знае дека тоа не е вистина. Сите во мојот тим знаат и сите во неговиот тим знаат, но тоа го повторува.
Би се борел со Канело за да избегам од Рамирез. Не е важно што ќе каже. Тој е само уште еден Мексиканец. Да, ќе биде тешко. Ова ќе биде многу тешко. Рамирез е 101% тежок противник.
Но, сакам предизвици. Тоа е добро за мене и за противникот со резултат 44-0. Може ли да го претворам ова во 44-1? Се надевам дека е така, се надевам дека е така. Јас верувам! Тренирав за ова“, изјави Бивол за медиумите.
View this post on Instagram
На 5 ноември не очекува неверојатен боксерски спектакл.
Дмитри Бивол ќе го брани шампионскиот појас на ВБА во полутешка категорија против Жилберто Рамирез. Мексиканецот е исклучително опасен противник. Има 44 победи во 44 борби! Покрај тоа, Рамирез има дури 30 нокаути и шампионски појас на ВБО, иако e само во супер средна категорија.
Жилберто има многу добри вештини и железен карактер. Бивол го чека најтешкиот тест и покрај сите негови вештини. Покрај тоа, Рамирез е многу мотивиран. Жилберто нема грешка досега во боксот, но сепак останува крајно потценет боксер.
Тој нема повеќемилионски хонорари, бидејќи името на Рамирез не им е особено познато дури ни на љубителите на боксот. Жилберто долго време бара борба со Бивол, бидејќи само победа над Дмитри ќе го направи суперѕвезда. Затоа, мотивацијата на Рамирез ќе биде максимална, тој е решен или да победи или да умре во рингот.
„На 5 ноември ќе го земам појасот! Многу сум горд што го претставувам не само градот Мазатлан, туку и цело Мексико и сите Латиноамериканци. Едвај чекам да им докажам на сите и на себе дека можам да го направам тоа.
Бивол е тежок човек. Тој е навистина добар противник. Но, тоа ќе биде реванш за Мексиканците бидејќи го победи Канело. Очекувам Дмитри да ја покаже најдобрата верзија од себе. Очекувам да биде возбудлива борба. Тоа ќе биде војна.
Навистина сум мотивиран бидејќи толку долго ја чекав оваа борба за светска титула. Едвај чекам да бидам во Абу Даби на 5-ти ноември. Бивол ме избегнуваше во последните неколку години, но сега нема каде да оди. Неговото време дојде.
Ова е возбудлива борба и за мене и за навивачите кои долго време ја бараа оваа борба. Ќе се соочат двајцата најдобри борци во полутешка категорија.
Тоа е она што го сакам. Сакам појас. Одлично е за мене и одлично за боксот што ќе имаме таква врвна борба. Сето ова ми се допаѓа бидејќи сум човек кој сака предизвици.
Многу сакам да ја земам титулата, да станам двократен светски шампион. И јас ќе го направам тоа. Тоа е сигурно. Да го победам Бивол би ми значело се бидејќи тоа докажува дека можам да постигнам се.
Ова е предизвикот што го барав цел живот“, изјави Рамирез за медиумите пред борбата.
View this post on Instagram
Поранешен борец во тешка категорија на УФЦ стана последниот кој беше приведен за време на масовните апсења во Босна и Херцеговина.
Во 2022 година десетици луѓе беа уапсени под обвиненија за трговија со дрога и оружје, до убиства и проституција во европската земја. Истрагата произлегува од употребата на мобилни уреди СКАЈ и АНОМ, со дешифрирана комуникација, што доведе до одлука на Обвинителството на БиХ да го отвори случајот.
Меѓу уапсените е и поранешниот тешкаш на УФЦ, Денис Стојниќ. ММА борецот живее во Сараево, главниот град на земјата, каде што поседува и ресторан. „Заканата“ двапати влезе во октагонот во 2009 година, губејќи ги двете борби.
Според „Сараево тајмс“, Стојниќ му бил кум на Елвис Кељменди, кој исто така беше уапсен на почетокот на годинава во врска со истрагата на СКАЈ. Стојниќ требаше да учествува минатата недела на Белатор Милан.
Тој требаше да се соочи со Олег Попов, но борбата пропадна поради Ковид-19. Во УФЦ Денис направи 2 борби во 2009 година во кои загуби од Каин Веласкез и Стефан Струве. Ова беа и неговите последни порази во ММА. До денес тој е во серија од 10 победи и има скор од 15-3-1 во ММА.
Во 2019 година Стојниќ се најде на насловните страници откако спречи напад на жена пред ноќен клуб во Сараево. Сега, сепак, The Menace е на погрешната страна на законот.