Шампионот во перолесна категорија им одговори на критичарите: Категоријата ме кочи мене, а не јас неа

Првакот во перолесна категорија Александар Волкановски беше резерва за главната борба на настанот УФЦ 280 што се одржа неодамна во Абу Даби.

А настанот беше на чело на борбатаза титулата во лесна категорија во која Ислам Махачев го победи Чарлс Оливеира.

По мечот Дагестанецот го прозва Волкановски кој го прифати предизвикот и изјави дека влог во таа борба, покрај појасот, ќе биде и првото место на рангирањето на ‘П4П’.

Веднаш следеа критики, затоа што Александар ги кочи предизвикувачите во перолесна категорија. Шампионот сега одговори.

„Немојте да мислите дека ќе се борам на секои три месеци да ги задржам активни двете категории. Бев во ситуација во која многу луѓе не сакаат да бидат, по операцијата на раката. Но, на последниот настан сакав да се борам со кој било“, рече Александар Волкановски и додаде:

„Оние кои ја чекаат борбата за појасот можат да продолжат да чекаат. Но, јас нема да кочам никого. Имам чувство дека категоријата ме кочи мене, а не јас неа“.

Махчев и Волкановски усно го договорија својот меч, но сега се чека потегот на УФЦ. Голема е веројатноста нивната борба да биде договорена за 12 февруари во Перт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО