Home Blog Page 2781

СКАНДАЛ во Будва: Противникот на Гоце Јанески избега од борба поради ракавиците!

Goce Janeski os peharot vo Leskovac

Балкане, Балакане наш… никогаш доста од интриги за да се дојде на полесен начин до целата, а со тоа да се омаловажи противникот. Она што се му случувало на 26. Меѓународна боксерска ревија „Јадрански бисер“ во Будва, Црна Гора, нашиот репрезентативец Гоце Јанески од БК Аперкат е скандалозоно.

Jadranski biser

Имено, Јанески синоќа требаше да се бори во сениорска конкуренција во категоријата до 81 килограм со домашниот боксер Предраг Дробњак, но, Црногорецот, иако потежок 5 клиограми, одбил да се бори зашто нашиот боксер немал ракавици број 12. Кога стручниот шатб на нашиот боксер побарал ракавици број 12, организаторот одговорил дека немаат, иако тој ги обезбедува ракавиците.

goce Janeski i tatko mu sopriznaieto

„Гоце прифати да боксира со пет килограми потежок противник. Ја чекаме последната борба, која требаше да биде шлагворт на Ревијата. Излегува Гоце, а противникот го нема. Како што дознавме некои наши „сограѓани“ од Македонија му рекле:„Не боксирај со него, ќе те нокаутира“. Од тоа се исплашил многу. Излегуваме на рингот и тренерот негов вели дека не може да се бори со овие ракавици, туку дека треба број 12. Им рековме добро дајте ни број 12, а тие велат немаме. Како немаат?! Значи, секој организатор има два пара ракавици, што подрзабира дека не смееш да носиш свои ракавици. Им велиме нека бира противникот со кои ракавици сака да боксира, но тие, пак, не сакаа. И, така, не го пуштија Гоце да настапи. Два дена се матретираме по патишта и немале ракавици, а нашите не биле добри“, изјави за Ipon.mk Љупчо Јанески, татко и менаџер на Гоце.

Jasin Lama so tabla Makedonija

Вториот наш боксер кој настапи во сениорска конкуренција, Јасин Лама (-60 кг) загуби од репрезентативецот на Црна Гора, Ико Ремзовиќ (Раднички).

„Тоа беше јака борба, по која Ремзовиќ беше прогласен з апобедник на турнирот“, изјави тренерот на Лама, Насер Харуни.

Во јуниорска конкуренција настапи и Хурмет Јонузов (Шкупи) во категоријата до 66 кг и се сретне со Милован Секуловиќ од Подгорица.

На ревијата настапија боксери од Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.

Ipon.mk/В. Д.

Кучер во првата рунда го нокаутираше Енцо Макаринели (ВИДЕО)

Dmitro - Kucher

Откако во декември минатата година го нокаутираше Рој Џонс Јуниор, Енцо Макаринели (41-8, 33 КО) во петокот во Лондон се бореше за европска титула во крузер категорија.

Поранешниот светски шампион во Њујорк хол загуби со нокаут во првата рунда од Дмитро Кучер (01/01/24, 18 КО).

Украинецот (31 г.) контрираше со лево кроше 30 секунди пред крајот на првиот дел од борбата, па го заниша Британецот, а потоа го заврши со истиот удар и ја освои испразнетата ЕБУ титула во леснотешка категорија.

https://youtu.be/fvnP3mosFdg

Чад Мендес позитивен на допинг тестот

chad Mendes-Lamas

УФЦ објави дека Чад Мендес дека паднал на допинг тестот споревден надвор од натпреварувањето.

Американската анти-допинг агенција (УСАДА) го информираше УФЦ за резултатите од тестот, но не е објавена на што е позотивен поранешниот предизвикувач за титулата.

Американецот (31 г.) е во серија од два порази. Изгуби со нокаути од Конор Мек Грегор и Френки Едгар.

Двапати се бореше за појасот на УФЦ, но и во двата случаи загуби од Хозе Алдо.

Дејвид Хеј: Дајте му рицарска титула на Мухамед Али (ВИДЕО)

Dejvid Hej gleda vo rakavicite na Ali

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, Дејвид Хеј, ja продолжи иницијатива за давање на рицарско звање на Мохамед Али. Британецот ја започна кампањата во февруари.

„Изгубивме легенда, вистинска глобална икона. Тоа се зборови кои не ги користам често. Мухамед Али инспирира толку многу луѓе, вклучувајќи ме и мене, дека нема ништо невозможно. Не можам да се сетам на друга личност која заслужува повеќе од него почесно рицарство. Сегашните правила не дозволуваат посмртно доделување на титулата. Тој заслужува правилата да бидат преразгледани“, рече Хеј.

https://youtu.be/04jJ0Neu0o8

Хјуи Фјури: Планирам да ја освојам светската титула во 2017 година

Hjui Fjuri

Братучедот на Тајсон Фјури – Хјуи, има сериозни планови за својата иднина. Тој планира да ја освои светската титула во тешка категорија во 2017 година. Во моментов непоразениот англиски талент е шести на ранглистата на Светската боксерска организација, чиј шампион е Тајсон Фјури.

„Мојот план е во 2017-та да се борам и да ја освојам светската титула“, вели Хјуи Фјури.

Тој ќе боксира на 9 јули како загревање за реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко. Се уште неговиот ривал не е познат. Досега Хјуи има 20 победи од 20 натпревари.

https://youtu.be/THM5kCDRfj4

Ентони Џошуа откри од што стравува

Entoni Dzosua po kimono

Британскиот боксер во супер тешка категорија, Ентони Џошуа, призна дека се плаши од поразите кои боксот може да нанесе на неговиот мозок.

Светскиот шампион на ИБФ влегува во боксот на 18 години. Во тоа време Ентони лежи во притвор и ја чека пресудата за тепање и други луди работи. Сепак, токму тогаш се појавува неговиот ангел-чувар, кој одлучи дека не треба да биде затворен. Така Џошуа влегува во боксерската сала и сфаќа дека спортот ќе го спаси од лошиот пат, по кој тргнал.

Три години подоцна Ентони пак се соочува со законот, откако полицијата го фаќа со канабис и го обвинува дека има намера да ја продава дрогата. Тој се соочува со можноста да одлежи 10 години во затвор. Избркан од сите боксерски настапи со клубот решава дека тоа е крај на неговата кариера во рингот. Едно ѕвонење го менува неговиот живот- повик од Британската федерација со прашањето дали сака да учествува на европското.

Тешкото минато веќе е зад него, сега се на ред славните денови. Но, сепак, Ентони Џошуа е малтретиран од две работи. „Се плашам дека можам да загубам сè, за што сум работел толку цврсто и дека нема да можам да ја обезбедам иднината на мојот син. А другиот мојот страв е поврзан со поразите во боксот на мојот мозок. Знам, ако не внимавам на себе, по неколку години ќе зборѕваме за тоа, Манк и лошите зборови. Тоа нема да е така, бидејќи сум пијан, а поради боксот и примањето на удар по удар, тоа ме плаши. Не се плашам дека можам да бидам убиен во рингот, туку дека можам да го изгубам разумот“, признава олимпискиот шампион од Лондон 2012.

На Државното во Радовиш се одредува составот за ЕП во Шведска

Ucilisno prvenstvo borenje Stip 2

Утре во Радовиш се одржува Државното првенство за кадети во борење слободен стил.

Шампионатот е од критериумски карактер за состав на репрезентацијата за Европското првенство во Стокхолм, Шведска, на 19 јули.

Се очекува да се појават сите кандидати за репрезентативниот дрес, а во прашање се доведува настапот на борачите на Балканец.

Ipon.mk/В.Д.

Мајк Тајсон, Вил Смит и Ленокс Луис го однесоа Мухамед Али во вечното почивалиште

AppleMark
AppleMark

Мухамед Али, еден од најголемите спортисти на сите времиња, боксерски, но и шампион во борбата за човекови права, погребан е денеска во својот роден град Луисвил. Во вечното почивалиште го испратија десетици илјади луѓе собрани на улиците каде што поминуваше погребната поворка.

Али е погребан на гробиштата „Кејв Хил“ во присуство на членовите на неговото семејство и најблиските пријатели.

На последното почивалиште го однесоа пробрани луѓе: Вил Смит, кој за улогата на Али во биографскиот филм за боксерската легенда беше номиниран за Оскар, и поранешниот светски шампиони во бокс Мајк Тајсон и Британецот Ленокс Луис.

По церемонијата во гробиштата, во салата на локалниот универзитет се одржа комеморација на која се собраа околу 15.000 гости, за животот на Али и неговата голема улога во полето на спортот, па дури и повеќе од тоа во борбата за човекови права, говореа сенаторот Орин Хеч, како и лидерите на верските заедници, имамот Хамза Абдул Малик, баптистички свештеник д-р Кевин Козби и рабинот Мајкл Лернер.

КК Астибо растури на „Врање опен 2016“ (ФОТО)

Astibo na Vranje open 2016

На Карате клубот Астибо од Штип му тргна на „Врање опен 2016“ во Србија минатиот викенд и направи растур, освојувајќи грст медали.

Така, ката тимотвите 2006, 2004 и 2005) ги освоија првите места (2006-Давид Николов, Тамра Ристовска и Сара Сарафимова; 2004 – Кристина Спасовска, Ангела Ристовска и Анастасија Петрушева и 2005 – Леона Митева, Ангела Ристовска и Анастасија Петрушева)

Во поединечна конкуренција во кати златни медали освоија: Ана Марија -2006, Кристина Спасовска-2005, Антонела Стојанова-2004; сребрата и припаднаа на Давид Николов-2006 и Сара Сарафимова.

Во борби екипно 98 година и постари екипата на КК Астибо беше второпласирана (Иван Дурдубаков, Наум Јованов и Роберт Гошев).

Наум Јованов во поединечна конкуренција во борби 2000/1999 се закити со златниот медал, а Роберт Гошев со сребрениот, додека Александар Димитров е прв 2002/2003, како и Иван Дурдубаков во категоријата за родени 1998 и постaри.

Ipon.mk/В. Д.

 

Последно опростување од Мухамед Али (ВО ЖИВО)

muhammad ali greatest

Во Луисвил, Кентаки во тек е на последното опростување со Мухамед Али.

Церемонијата се одржува во согласност по желбите на покојниот великан. Али кој почина на 74 години сакаше претставници на повеќе религии да зборуваат на опростување од него почитувајќи ги традициите на исламската вера.

Во Луисвил своето доаѓање го најави Бил Клинтон, а Вил Смит, Мајк Тајсон и Ленокс Луис ќе го носат ковчегот на олимписки победник од 1960 година.

На овој линк следете го погребот во живо.

 

IPON