Хјуи Фјури: Планирам да ја освојам светската титула во 2017 година

Hjui Fjuri

Братучедот на Тајсон Фјури – Хјуи, има сериозни планови за својата иднина. Тој планира да ја освои светската титула во тешка категорија во 2017 година. Во моментов непоразениот англиски талент е шести на ранглистата на Светската боксерска организација, чиј шампион е Тајсон Фјури.

„Мојот план е во 2017-та да се борам и да ја освојам светската титула“, вели Хјуи Фјури.

Тој ќе боксира на 9 јули како загревање за реваншот меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко. Се уште неговиот ривал не е познат. Досега Хјуи има 20 победи од 20 натпревари.

https://youtu.be/THM5kCDRfj4

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО