Мајк Тајсон, Вил Смит и Ленокс Луис го однесоа Мухамед Али во вечното почивалиште

AppleMark
AppleMark

Мухамед Али, еден од најголемите спортисти на сите времиња, боксерски, но и шампион во борбата за човекови права, погребан е денеска во својот роден град Луисвил. Во вечното почивалиште го испратија десетици илјади луѓе собрани на улиците каде што поминуваше погребната поворка.

Али е погребан на гробиштата „Кејв Хил“ во присуство на членовите на неговото семејство и најблиските пријатели.

На последното почивалиште го однесоа пробрани луѓе: Вил Смит, кој за улогата на Али во биографскиот филм за боксерската легенда беше номиниран за Оскар, и поранешниот светски шампиони во бокс Мајк Тајсон и Британецот Ленокс Луис.

По церемонијата во гробиштата, во салата на локалниот универзитет се одржа комеморација на која се собраа околу 15.000 гости, за животот на Али и неговата голема улога во полето на спортот, па дури и повеќе од тоа во борбата за човекови права, говореа сенаторот Орин Хеч, како и лидерите на верските заедници, имамот Хамза Абдул Малик, баптистички свештеник д-р Кевин Козби и рабинот Мајкл Лернер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО