Home Blog Page 2780

Две сребра и една бронза за Балканец на „Сува река 2016“ во Косово (ФОТО)

Balkanec vo Suva reka Kosovo 2016

Боречкиот клуб Балканец освои два сребрени и еден бронзен медал на турнирот „Сува река 2016“во слободен стил во Косово.

Александар Донев и Џан Демиров се втори, а Михаил Николов трет.

Балканец настапи со комбинирана екипа од младинци и сениори.

Ipon.mk/В.Д.

Поранешен борец на Белатор не го преживеа рускиот рулет

Ivan Cole

Поранешниот ММА борец на Белатор, Иван Коле е пронајден мртов во својот стан во Далас. Очигледно е дека се застрелал во главата играјќи на руски рулет.

Официјално неговата смрт настанала во 7:31 часот наутро соопштија од полицијата.

Федор Емилијаненко сам избрал со кого ќе се бори во следната борба

fedor glava

Федор Емилијаненко следната борба во кафезот ја има на настанот Фајт најтс на 17 јуни, каде што ќе се сретне со поранешниот УФЦ борецот Фабио Малдонадоo. Емилијаненко го направи враќањето претходно годинава со победа над Синг Џаидеп.

Организаторот Камил Гаџиев откри дека Емилијаненко сам го избрал противникот за овој дуел. Гаџиев објасни дека името на Емилијаненко и е добро познато на самата организација и затоа на „Последниот император“ му даваат одврзани раце да диктира што ќе се случува.

„Името на Федор е многу попознато од тоа на Фајт најтс. Треба да имаме реална проценка на ситуацијата. Не можеме да го присилиме Федор да се бори со некого што ќе побараме ние. Работите се сосема различни.

Федор го избра противник од листата што му дадовме.

Во моментов Федор е многу важен за нас во овој настан. Тоа е многу важно од маркетиншка страна. Ситуацијата не е како да сме потпишале договор со борец и тој да го прави она што е во најголем интерес за организацијата. Зошто треба да ве лажеме? Да, имаме потреба од Федор, бидејќи тоа е голем чекор напред за нас. Но можеме да го привлечеме за меч во нашата организација, само ако со неговите интереси се поклопат“.

Марко Мартињак светски првак во фулконтакт

marko martinjak fulkontakt

Марко Мартињак во Португалија ја освои светската титула на ВКФ во фул контакт.

Мартињак во втората од предвидените 12 рунди го нокаутираше домашниот борец Педро Кореа, и го освои појасот во категоријата до 88,2 килограми.

Борбата ја прифати шест дена пред одржувањето, заменувајќи го Лука Брковиќ.

„Победата е тука, направена со нокаут во втората рунда во која противникот доби уадр во областа на црниот дроб и не може да продолжи .. Претходно два пати паѓаше во првата рунда .. искрено се надевам дека некој ќе ги препознае овој труд, оваа жртва и титулата .. .“, напиша на Фејсбук по победата.

marko martinjak pojas

 

Џон Молина го изненади Проводников (ВИДЕО)

ruslan provodnikov-molina

На настанот во Верона во американската држава Њујорк, каде што Дејан Златичанин стана светски шампион, се бореа и Руслан Проводников и Џон Молина Јуниор.

Молина (29-6, 23 КО) го изненади поранешниот ВБО светски првак во полувелтер категорија Проводников (25-4, 18 КО) и победи со едногласна одлука на судиите – 116-112, 117-111, 115-113.

33-годишниот Американец упати прелу 1.100 удари во текот на 12 рунди, вклучувајќи и 643 предни директи во однос на Русинот со 265. Проводников не успеа да ја скрати дистанцата против големиот противник.

„Денешната одлука беше исправна. Молина ја доби борбата, беше подобар. Сè е бодувано точно токму онака како што требаше да биде бодувано. Очекувавме да боксира, да се движи. Го очекувавме тоа од него. Ова не беше мојата ноќ. Може повеќе го немам глдот како порано. Нема да барам изговори, но вечерва ми беше тешко да пронајдам ритам. Не мислам дека тоа е поради стојот. Нема оправдувања. морам да седнам и да размислувам за тоа што се случило. Жал ми е ако ве разочарав“, рече Проводников по борбата.

Дејан Златичанин е новиот светски првак во ВБЦ (ВИДЕО)

dejan zlaticanin svetski prvak

Дејан Златичанин (22-0, 15 КО) е новиот ВБЦ светски шампион во лесна категорија.

Zlaticnain sampion na WBC

32-годишниот Црногорец во Верона, Њујорк, слободнта титула ја освои против Боливиецот

Френклин Маманија (01/03/21, 12 КО), кој го замени Емилијано Марсилио.

Златичанин го победи Маманија со технички нокаут во третата рунда. По серијата силни удари во главата и телото судијата ја прекина борбата.

Ломаченко со нокаут ја освои ВБО титулата и влезе во историјата (ВИДЕО)

vasil lomachenko boxing

Двократниот олимписки шампион Васил Ломаченко (6-1, 4 КО), го продолжи молскавичниот подем во светот на професионалниот бокс.

Во својата седма професионална борба ја освои светската титула во втората тежинска категорија.

Украинецот (28 г.) во Медисон сквер гарден во Њујорк за пет рунди го нокаутира поранешниот шампион Роман Мартинез (29-3-3, 17 КО) и стана најбрз освојувач на светските титули во две тежински категории во историјата. Украинскиот левучар со силно десно кроше го нокаутираше Мартинез во мечот во кој во потполност доминираше.

Ломаченко на ВБО титулата воперолесна го додаде и ВБО појасот во суперлесна категорија.

https://youtu.be/amyqa6vbQT8

 

Две победи со ипон за Даниел Филипов во Германија и трансфер во нов клуб (ФОТО)

Daniel Filipov borba dzudo isfrlanje 11.6.2016

Даниел Филипов-Смок кој настапува за Џудо клубот ЕЛЗ на вчерашниот џудо турнир во Ландес лигата во Германија имаше две борби кои ги доби со ипон.

Daniel Filipov dzudo borba 11.6.2016

„Лигата ми завраши само со еден пораз. Се борев до 100 килограми, а противниците ми беа од Дамштад и Лимбург“, истакна Филипов.

Daniel Filipov so DZK ELZ 11.6.2016

 Во меѓувреме, додека се натпреваруваше во џудо, тој потпиша договор со друг клуб во борење, бидејќи паралелно настапува и во двата спорта и тоа многу успешно.

Daniel Filipov dzudo se nekoi majstori 11.6.2016

„Оваа година ќе се борам за два клуба и ќе имам повеќе борби. Ме купи и клубот Кобленц, така што годинава ќе излегувам на душекот и во Вербандс лигата и во Оберлигата“, вели поранешниот борач на Спартак од Кочани, Даниел Филипов.

Ipon.mk/В. Д.

СКАНДАЛ во Будва: Противникот на Гоце Јанески избега од борба поради ракавиците!

Goce Janeski os peharot vo Leskovac

Балкане, Балакане наш… никогаш доста од интриги за да се дојде на полесен начин до целата, а со тоа да се омаловажи противникот. Она што се му случувало на 26. Меѓународна боксерска ревија „Јадрански бисер“ во Будва, Црна Гора, нашиот репрезентативец Гоце Јанески од БК Аперкат е скандалозоно.

Jadranski biser

Имено, Јанески синоќа требаше да се бори во сениорска конкуренција во категоријата до 81 килограм со домашниот боксер Предраг Дробњак, но, Црногорецот, иако потежок 5 клиограми, одбил да се бори зашто нашиот боксер немал ракавици број 12. Кога стручниот шатб на нашиот боксер побарал ракавици број 12, организаторот одговорил дека немаат, иако тој ги обезбедува ракавиците.

goce Janeski i tatko mu sopriznaieto

„Гоце прифати да боксира со пет килограми потежок противник. Ја чекаме последната борба, која требаше да биде шлагворт на Ревијата. Излегува Гоце, а противникот го нема. Како што дознавме некои наши „сограѓани“ од Македонија му рекле:„Не боксирај со него, ќе те нокаутира“. Од тоа се исплашил многу. Излегуваме на рингот и тренерот негов вели дека не може да се бори со овие ракавици, туку дека треба број 12. Им рековме добро дајте ни број 12, а тие велат немаме. Како немаат?! Значи, секој организатор има два пара ракавици, што подрзабира дека не смееш да носиш свои ракавици. Им велиме нека бира противникот со кои ракавици сака да боксира, но тие, пак, не сакаа. И, така, не го пуштија Гоце да настапи. Два дена се матретираме по патишта и немале ракавици, а нашите не биле добри“, изјави за Ipon.mk Љупчо Јанески, татко и менаџер на Гоце.

Jasin Lama so tabla Makedonija

Вториот наш боксер кој настапи во сениорска конкуренција, Јасин Лама (-60 кг) загуби од репрезентативецот на Црна Гора, Ико Ремзовиќ (Раднички).

„Тоа беше јака борба, по која Ремзовиќ беше прогласен з апобедник на турнирот“, изјави тренерот на Лама, Насер Харуни.

Во јуниорска конкуренција настапи и Хурмет Јонузов (Шкупи) во категоријата до 66 кг и се сретне со Милован Секуловиќ од Подгорица.

На ревијата настапија боксери од Црна Гора, Србија, Хрватска, Македонија, Албанија и Косово.

Ipon.mk/В. Д.

Кучер во првата рунда го нокаутираше Енцо Макаринели (ВИДЕО)

Dmitro - Kucher

Откако во декември минатата година го нокаутираше Рој Џонс Јуниор, Енцо Макаринели (41-8, 33 КО) во петокот во Лондон се бореше за европска титула во крузер категорија.

Поранешниот светски шампион во Њујорк хол загуби со нокаут во првата рунда од Дмитро Кучер (01/01/24, 18 КО).

Украинецот (31 г.) контрираше со лево кроше 30 секунди пред крајот на првиот дел од борбата, па го заниша Британецот, а потоа го заврши со истиот удар и ја освои испразнетата ЕБУ титула во леснотешка категорија.

https://youtu.be/fvnP3mosFdg

IPON