Home Blog Page 2779

Миоки севкупен победник на „Струга опен 2016“ (ФОТО)

Mioki na Struga open 2016 postrojuvanje

На третиот Mеѓународен џудо турнир „Струга опен 2016“ вчера џудистите на Миоки освоија 12 златни, 10 сребрени и 11 бронзени медали. ЏК Миоки е најуспешен во возрасната група кадети и јуниори.

Mioki deca Struga open 2016

За севкупен победник на настанот, според освоените бодови, согласно возрасните групи, беше прогласен Џудо клубот Миоки.

Berna serifovska i Hamza Jasari mioki na Struga open 2016

Организаторот додели плакети за остварени резултати на Хамза Јашари и Берна Шерифовска за освоените медали од Балканијадите во 2015 И 2016 година.

На турнирот настапија 303 натпреварувачи од 27 клубови од 9 држави.

Struga open 2016 site vo stroj

Ipon.mk/В.Д.

 

Вонредното Собрание на Боксерската федерација ќе се одржи на 27 јуни

bokseri na 13 noemvri 2015-11-12 13.33.31

Од Иницијативниот одбор на боксерските клубови во Македонија соопштија дека денеска Управниот одбор на Босерската федерација на Македонија го закажала свикувањето на вонредното Собрание за 27 јуни во Скопје во просториите на Факултетот за физичка култура.

Пред неколку дена Иницијативниот одбор достави барање до БФМ за свикување на вонредно Собрание поради влошената состојба во Федерацијата, а суспенијата од страна на АИБА поради неплатена членарина за две години ја прелеа чешата. Поради ова нашите боксери Гоце Јанески и Јасин Лама не можат да учествуваат на Светското првенство. Од друга страна, „Златниот гонг“ беше избришан од каленадарот ЕБУЦ.

Од Иницијативниот одбор истакнуваа дека речиси сите клубови ја поддржуваат иницијативата за вонредно Собрание и дека имаат кандидат за претседател. Сега оваа функција ја врши Војо Настевски.

Со последните измени на Законот за спортот на 28 март оваа година е предвидено „лицето што ја претставува федерацијата, може да биде избрано најмногу два мандати последователно и истото може повторно да биде избрано по истекот на временскиот период од најмалку еден полн мандат. Доколку во моментот на престанување на мандат на лице што ја претставува федерацијата, сметката на федерацијата е блокирана најмалку 30 дена, лицето чиј мандат престанува не може да биде повторно избрано“.

Мандатот на лицето што ја претставува федерацијата во моментот на влегувањето во сила на овој закон, му се засметува како прв мандат на кој е избранo на должноста.

Ipon.mk/В.Д.

Голем успех за Иван Крстевски-сребрен медал на Г-1 таеквондо турнирот во Грција

Ivan Krstevski G-1 Grcija srebro 2016

Иван Крстевски (-59 кг) во јуниорска конкуренција го заблежа најголемиот успех на Г-1 турнирите во таеквондо на натпреварувач од македонски клуб. Тој на Г-1 турнорот во Грција го освои сребрениот медал, а Филип Додевски, Ана Марија Георгиевска и Мери Ацевска бронзени.

Taekvondo reprezentacija G-1 Grcija 2016

На овој турнир настапија најдобрите борци на селекциите и имаче неколку светски сампиони и олимписки медалисти.

Иван Крстевски извојува две победи над натпреварувачите од Грција и Албанија, а беше поразен во финалето од Молдавец. Филип Додевски во јуниорска конкуренција го освои бронзениот медал забележувајќи една победа, исто така и Ана Марија Георгиевска е со истиот учинок.

Забележителен настап имале и сениорот Костадин Георгиевски којво првото коло го совлада претставникот на Русија со 13-8, а втората борба ја откажал поради повреда, што, сепак, е остварување за почит на македонското таеквондо.

И Дејан Георгиевски и Марко Стевиќ се сретнаа со репрезентативци на Русија, иако имале одлични борби не успеале да победат.

Да потсетиме дека најдобар сениорски резултат на Г-1 турнир има натурализираната Македонка, Петра Матијашевиќ, којa пред три месеци во Турција го освои бронзениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

УФЦ најми фирма за лобирање за борба против „Актот на Мухамед Али“

Dana-White-Lorenzo-Fertitta-UFC

На УФЦ 199 американската промоција му оддаде почит на починатиот Мухамед Али.

Но, очигледно, љубов запира кога станува збор за бизнис. Така, УФЦ ангажирал фирма за лобирање од Вашингтон, Фарагут партнерс за да лобира против предлог-законот со кој би се применувал „актот Мухамед Али“ и во ММА.

Предлог за проширување на актот на Мухамед Али неодамна беше презентиран пред Конгресот од Маркваејн Мулин, некогаш и самиот ММА борец, кој верува дека промоторите имаат многу поголема моќ од борците и желбата му е работи да ги доведе до рамнотежа.

Актот на Али беше воведен во бокс пред 16 години, за да ги заштити борците од нечесните постапки на промоторите. Според федералниот закон, промоторите не може да ги обврзат борци со договор кој ги врзува повеќе од една година; ниту еден менаџер на борците не може да биде промотор; ранг листата и шампионските појаси се контролирани од страна на надлежните органи од трета страна и промоторите мора да ги открија целосните приходи на борците.

„И понатаму веруваме дека федералната влада нема да има продуктивна улога во регулирањето на ММА промоциите и натпреварите. Секоја држава веќе ја надгледува секоја борба и ММА борците се добро платени и спрема нив се однеусваат чесно, што е една од причините поради кои ова е најбрзо растечкиот спорт во светот“, рече еден од директорите на УФЦ, Ларенс Епштајн за ЕСПН.

УФЦ ангажираше друга компанија, кога лобираше против предлогот на Џон Мек Кејн со кој дополнително ќе го зајакнат актот  на Али. Тој предлог на крајот не успеа.

Енцо Макаринели кажа крај

Enco Makarineli

Поранешниот светски шампион во полутешка категорија, Енцо Макаринели, ја прекинува својата кариера. Тој најави дека ги закачува ракавиците на клин, откако беше нокаутира во првата рунда од Украинецот Дмитро Кучер во борбата за европската титула.

35-годишниот Велшанецот ја продолжи кариерата, откако во претходниот меч брутално го нокаутира Рој Џонс.

„Разочаран сум што на овој начин треба да ја завршам кариерата“, истакна Макаринели.

https://youtu.be/lFMKwo9eCig

Боб Арум: Ломаченко е најголемиот боксер на нашето време

Bob Arum i Lomacenko

Управителот на менаџерската компанија „Топ ранк“, Боб Арум се покажа како голем фан на 28-годишниот украински боксер Васил Ломаченко, по неговата победа над Роман Мартинез.

„Васил Ломаченко“ е најголемиот. Знаете дека во Топ ранк имаме многу добри борци, но ова момче е најдобар меѓу најдобрите. Мухамед Али е најголемиот на сите времиња, а Ломаченко е најголемиот на нашето време“.

Борбата меѓу Ломаченко и Мартинез се одржа вчера и заврши со нокаут во петтата рунда.

https://youtu.be/amyqa6vbQT8

Џудистите на Сенсеи – Радовиш освоија 8 медали на „Струга опен“ (ФОТО)

Sensei Rdaovis na Struga open 2016

Џудистите на Сенсеи од Радовиш освоија осум медали на Меѓународниот турнир „Струга опен“, од кои 2 златни, 2 сребрени и 4 бронзени.

Sensei Radovis borba 2016 Struga open

Џудо клубот Сенсеи на турнирот учествуваше со 12 џудисти.

Златни медали: Катерина Ефтимова и Анастасија Ристова.

Сребрени медали: Невена Поцкова и Ѓорги Митев.

Бронзени медали: Илијана Ристов, Тијана Серафимовска, Зорана Капетанова и Ратко Костов.

Sensei radovis Struga piedestal 2016

Ратко Костов ја имаше најдолгата и најисцрпувачката борба на турнирот која траеше 20 минути.

Убави борби покажаа и Ванче Пулев, Матеј Коцев, Анастасија Пулева и Благица Гоцевска, иако не се закитија со медали.

На „Струга опен 2016“ учествуваа 320 џудисти од Македонија, БиХ, Црна Гора, Грција, Србија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Албанија.

Ipon.mk/В.Д.

Лирија најуспешна во Државното кадетско првенство, следат Неготино и Бучим

Lirija vo Rdaovis na kadetsko 2016 juni

На Државното првенство во борење слободен стил за кадети во Радовиш екипата на Лирија покажа најмногу, беше и најмногу бројна, а тоа и го донесе првото место во вкупниот пласман, пред екипите на Неготино и Бучим. 

Kadir Kamberi Borec DP Radovis

Државното беше последниот тест пред Европското првенство во Стокхолм, Шведска, на 19 јули.

Од друга страна, екипата на Балканец не се појави и на овој шампионат со образложение дека само неколку дена пред првенството биле известени, а дека тие веќе имале закажано учество на меѓународни турнири во Србија и Косово.

42 кг 1 учесник

1.Идар Идриз (Скопје)

46 кг. 1 учесници

1.Земри Авдили (Студеничани)

50 кг. 2 учесници

1.Омер Фуга (Лирија)

2.Берат Џемаили (Лирија)

54 кг. 3 учесници

1.Фати Вејсели (Лирија)

2.Ертан Џафери (Лирија)

3.Благој Ацков (Бучим)

58 кг. 4 учесници

1.Минир Реџепи (Лирија)

2.Бесар Љумнани (Лирија)

3.Агон Селими (Лирија)

3.Мите Спасојев (Бучим)

63 кг. 4 учесници

1.Иле Буровски (Неготино)

2.Адем Асани (Лирија)

3.Јане Буровски (Неготино)

3.Зеид Фуга (Лирија)

69 кг. 6 учесници

1.Андреј Наков (Безбедност)

2.Бајрам Хајдари (Скопје)

3.Никола Атанасов (Бучим)

3.Астрит Исмаили (Лирија)

76 кг. 6 учесници

1.Столе Ефтимов (Спартак)

2.Буњамин Нуиши (Тефејуз)

3.Басри Јусуфи (Лирија)

3.Столе Тушев (Бучим)

85 кг. 3 учесници

1.Кадир Камбери (Борец)

2.Бехар Демири (Студеничани)

3.Давид Банов (Бучим)

100 кг. 2 учесници

1.Мартин Ѓоргиев (Неготино)

2.Усеин Мечов (Неготино)

Borenje DP kadeti Radovis 2016

1.Лирија – Скопје ………………………………………. 40

2.Неготино – Неготино ………………………………. 16

3.Бучим – Радовиш ……………………………………. 10

Ipon.mk/В.Д.

 

Две сребра и една бронза за Балканец на „Сува река 2016“ во Косово (ФОТО)

Balkanec vo Suva reka Kosovo 2016

Боречкиот клуб Балканец освои два сребрени и еден бронзен медал на турнирот „Сува река 2016“во слободен стил во Косово.

Александар Донев и Џан Демиров се втори, а Михаил Николов трет.

Балканец настапи со комбинирана екипа од младинци и сениори.

Ipon.mk/В.Д.

Поранешен борец на Белатор не го преживеа рускиот рулет

Ivan Cole

Поранешниот ММА борец на Белатор, Иван Коле е пронајден мртов во својот стан во Далас. Очигледно е дека се застрелал во главата играјќи на руски рулет.

Официјално неговата смрт настанала во 7:31 часот наутро соопштија од полицијата.

IPON