Home Blog Page 2778

Дионтеј Вајлдер ја брани титулата против Крис Ареола на 16 јули

Kris Areola

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, 30-годишниот Американец Дионтеј Вајлдер ќе ја брани титулата против 35-годишниот сонародник Крис Ареола (36-4-2-1, 31 КО).

Денес официјално беше потврдена борбата.

Вајлдер против Арреола ќе се одржи на 16 јули во Бирмингем, Алабама, САД. Првично противникот на Вајлдер требаше да биде 36-годишниот Русин Александар Поветкин, но борбата беше поништена поради допинг скандалот во последните денови пред средбата.

Ареола во претходните напади на титулата на ВБЦ е поразен од Виталиј Кличко во 2009 и 2013 година од Бирмејн Стиворн. Во последната борба во декември минатата година, со поделена одлука го победи Тревис Кауфман, но борбата е поништена откако падна на допинг тест.

Федор Емилијаненко може да потпише за УФЦ за брзо време!

fedor fabio maldonado video najava

Легендата Федор Емилијаненко разговараше со Ариел Хелвани во ток-шоуто „The MMA Hour“, посочувајќи дека наскоро може да парафира договор со УФЦ.

Во петокот Русинот ќе се сретне со Фабио Малдонадо во Санкт Петербург, како што самиот рече дека ништо е чудно следниот меч да биде во октагонот на УФЦ.

„Со еден збор –„ДА“. Оваа можност постои“.

Сепак, Федор додаде дека преговорите со УФЦ одат со некои тешкотии.

„Секогаш сум сакал да се борам во УФЦ и би го направил тоа, но трансакцијата треба да биде задоволителна и за двете страни. Како за нив, така и за мојата организација. Додека не се договориме сто проценти по сите прашања, генерално се наоѓаме во ќорсокак“.

Шенон Бригс: Ќе го нокутирам Дејвид Хеј во чест на Али

shanon-briggs-so race na kolkovi

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија, 44-годишниот Шенон Бригс, уште еднаш му се закани на Дејвид Хеј.

„Дејвид Хеј ќе биде уништен уште во првата рунда. Ќе го нокаутирам во првата рунда во чест на Мухамед Али. Уверен сум во победата.

Хеј е добар боксер, но е млад, а во исто време имаше одмор од 4 години. Зошто? Мислам дека самиот знае дека не е во најдобра форма и ќе го докажам тоа кога ќе го завршам“.

Самиот Хеј даде усна согласност за борба со Бригс. Најверојатно, ќе се сретнат во септември.

Најголемото ЕП во џиу џицу ќе се одржи на стадионот на Шалке 04

Salke 04 stadion

Европското првенство во џиу џицу до 18 години ќе се одржи во Германија на 1 и 2 октомври во Гелсенкирхен.

Вака соопшетно е обична техничка вест и не е интересна, но Европското првенство ќе се одржи на стадинот на Шалке 04 на најголемото доџо во светот. Ќе има 16 борилишта.

Ова веќе е вест, бидејќи ова ќе биде прв пат еден џиу џицу натпревар да се одржи на стадион пред десетици илјади гледачи.

Досега боксерите ги полнеа стадионите, а каратистите, таеквондистите и џудистите настапуваа во сали со капацитет до 30 илјади гледачи. Во поновио време ММА борбите соборуваат рекорди, па така настанот на УФЦ во Австралија го следеа околу 55 илјади гледачи на стадион, а Стипе Миочиќ титулата во тешка категорија ја освои во Бразил пред 40.000 љубители на овој спорт.

Нешто чудно се случува со боречките спортови.

П.С. Кај нас по 10 илјадна публика се собира на пеливанските турнири.

Ipon.mk/В.Д.

Погледнете ја борбата на носителката на црн појас во БЏЏ и сумо борач (ВИДЕО

BJJ crn pojas

Од беспаќето на интернетот доаѓа уште еден видео на кое можеме да видиме средба на два различни боречки стила, однонсно сопственичка БЏЏ црн појас и сумо борач.

Ние не знаеме каде, како и зошто се случил  овој меч, но, по се изгледа дека би можело да стане збор забавно шоу. Во секој случај, нас не забавуваше во оваа половина минута, а вие искористете ја шансата и погледнете кој ја имаше превласта во овој дуел.

https://youtu.be/IvSwpsw7d_E

Кличко за поразот од Фјури: Направив грешка, се срамам од неа (ВИДЕО)

Klicko-Fjuri soocuvanje vo sivo

Владимир Кличко призна дека напрaвил грешка во првиот меч со Тајсон Фјури минатата година.

Украинецот сензационално ги загуби титулите во тешка категорија, откако беше совлада на поени во 12 рунди. Ветеранот беше далеку од најдобрите години.

„Не сум го заборавил овој меч. Не задавав удари и ја платив цената. Ветувам дека ќе го направам вистинското нешто во реваншот“, вели Кличко.

Втората борба меѓу Фјури и Кличко е закажна за 9 јули. Таа ќе се одржи во Манчестер-Англија.

10 медали за ЏК Сеишин на „Струга опен 2016“ (ФОТО)

Seisin Struga open 2016 vo stroj

На 3. Меѓународен турнир во џудо „Струга опен 2016“ екипата Сеишин освои 10 медали – 3 златни, 4 сребрени и 3 бронзени.

Seisin Struga open site 2016

Резултати – деца: Теодора Тасеска (-38 кг), Никола Магдески (-34 кг) и Димитри Џокоски (-46 кг) ги освоија првите места, а Теа Настоска (-22 кг) второто.

Помлади пионери: Георгиј Магдески (-46 кг) и Леона Настоска (-44 кг) ги освоија сребрените медали.

Пионери: Марко Тодорчески (-38 кг) е втор, Кристијан Тошески (-73 кг), Орде Трајкоски (-73 кг) и Јован Најдоски (+73 кг) трети.

Seisin borba Struga open 2016

Првата полусезона клубот планира да ја заврши на 26 јуни со настап на меѓународен турнир во Солун – Грција, потоа што следува паузата за годишни одмори.

Ipon.mk/В. Д.

Македонија доби нови европски карате судии

Makedonski sudii vo Kocaeli Turcija 2016

Дејан Милошевски – Чобачо, Дилавер Беќири и Лазо Јорданов на Европксото првенство за региноите во КочаелиТурција, минатиот викенд положија за европски карате судии, каде што беа пријавени вкупно 189 судии од 45 европски земји.

Makedonski sudii Kocaeli 2 2016

Македонија беше претставена од вкупно 5 судии, а Дејан Милошевски кој веќе ја има највисоката лиценца за судење во кати во Европа, во Кочаели положи за главен судија во  кумите.

Од друга страна, Македонската карате федерцаија во делот на судискиот кадар си ја зацврстува позицијата и во европски и во светски рамки, бидејќи со највиски звања се Златко Димоски, Боби Војдиновски и Игор Лазарев, што доволно зборува за квалитетот на македонските судии, а со тоа и на македонското карате.

Ipon.mk

 

Нема покана за таеквондистката Петра Матијашевиќ на Олимпиксите игри во Рио

Petra Matijasevic

Светската таеквондо федерација (ВТФ) не и даде шанса на Петра Матијашевиќ да ги брани боите на Македонија на Олимписките игри преку вајлд карта, бидејќи ги одбра натпреварувачите од Централноафриканската Република, Хаити, Хондурас и Непал за настап на Летните олимписки игри во Рио де Жанеиро, Бразил (5 до 21 август) 

Матијашевиќ се надеваше дека може да биде повикана, особено по освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во Монтре-Швајцараија, но и не забораваше да каже дека има разно-разни калкулации и интереси. Светската таеквондо федерација (ВТФ) ѝ ги препорача на Трипартитната комисија на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) четирите таековондисти од наведените земји.

Во изборот на жени од страна на ВТФ се најдоа Ниша Равал од Непал, од категоријата над 67 килограми, како и  Ања Лузен од Хаити (до 67 кг). Мигел Родригес од Хондурас (до 80 кг) и Дејвид Буи од Централноафриканската Република (до 68 кг) се среќниците во машка конкуренција.

Ipon.mk

 

Џудо репрезентативката Катерина Николоска поразена на Европксиот куп во Словенија

Katerina-Nikoloska-kimono

Репрезентативката на Македонија во џудо, Катерина Николоска (-63 кг), која е на подоготовки во Унгарија, викендов настапи на Европксиот куп „Целје 2016“ во Словенија и загуби во првото коло од  Исил Генџтурк со едно јуко.

Немаше можност за поправен, бидејќи Турчинката не успеа да ја повлече во репасаж.

Инаку Македонскиот олимписки комитет (МОК) чиј стипендист е Kaтерина Николоска има обезбедено двомесечни подготовки во кампот на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) во Будимпешта – Унгарија.

Сега по Европксиот куп во Целје, Катерина уште еден месец ќе се подготвува во кампот на ИЏФ во Пореч –Хрватска.

Таа се подготвува со надеж дека ќе добие покана за учество на Олимписките игри во Рио 2016, бидејќи на критериумските турнири не обезбеди норма.

KATERINA-NIKOLOSKA-624x490

Конечното рангирање на Интернационалната џудо фдерација (ИЏФ) беше на 30 мај, кога се одредија привилегираните 22, односно 14 џудисти (само по еден од една земја). МОК аплицираше до Трипартитната комисија за Николоска да добие покана за „Рио 2016“, а одговорот требаше да го добие во петокот (10 јуни).

Постои и дополнителна можност во случај на откази, повреди или откриени допинг-случаи што би „ослободиле“ место на џудо-турнирот од Игрите во Бразил летово (5 до 21 август). На такво нешто се надева и борачот на Балканец Дејан Митров.

Сепак, според рангирањето од 30 мај на ИЏФ (Меѓународната џудо федерација), се објавени 14 учесници на ОИ во Рио, односно 23 натпреварувачи, бидејќи на Европа и припаднаа уште две места според пласманот, а најдобро пласирани Европејќи се Миа Хермансон –Шведска и Бушла Капитоглу – Турција.

На официјалното рангирање во нејзината категорија до 63 килограми Николоска е на 165 место со 3 поени, добиени за учество на големите натпревари. Првопласирана е Тина Трстенњак од Словенија со 3.800 поени пред Кларис Агбежнену од Франција 2.610 и Мико Таширо од Јапонија 2.330 итн.

Ipon.mk/В.Д.

 

IPON