Џудо репрезентативката Катерина Николоска поразена на Европксиот куп во Словенија

Katerina-Nikoloska-kimono

Репрезентативката на Македонија во џудо, Катерина Николоска (-63 кг), која е на подоготовки во Унгарија, викендов настапи на Европксиот куп „Целје 2016“ во Словенија и загуби во првото коло од  Исил Генџтурк со едно јуко.

Немаше можност за поправен, бидејќи Турчинката не успеа да ја повлече во репасаж.

Инаку Македонскиот олимписки комитет (МОК) чиј стипендист е Kaтерина Николоска има обезбедено двомесечни подготовки во кампот на Меѓународната џудо федерација (ИЏФ) во Будимпешта – Унгарија.

Сега по Европксиот куп во Целје, Катерина уште еден месец ќе се подготвува во кампот на ИЏФ во Пореч –Хрватска.

Таа се подготвува со надеж дека ќе добие покана за учество на Олимписките игри во Рио 2016, бидејќи на критериумските турнири не обезбеди норма.

KATERINA-NIKOLOSKA-624x490

Конечното рангирање на Интернационалната џудо фдерација (ИЏФ) беше на 30 мај, кога се одредија привилегираните 22, односно 14 џудисти (само по еден од една земја). МОК аплицираше до Трипартитната комисија за Николоска да добие покана за „Рио 2016“, а одговорот требаше да го добие во петокот (10 јуни).

Постои и дополнителна можност во случај на откази, повреди или откриени допинг-случаи што би „ослободиле“ место на џудо-турнирот од Игрите во Бразил летово (5 до 21 август). На такво нешто се надева и борачот на Балканец Дејан Митров.

Сепак, според рангирањето од 30 мај на ИЏФ (Меѓународната џудо федерација), се објавени 14 учесници на ОИ во Рио, односно 23 натпреварувачи, бидејќи на Европа и припаднаа уште две места според пласманот, а најдобро пласирани Европејќи се Миа Хермансон –Шведска и Бушла Капитоглу – Турција.

На официјалното рангирање во нејзината категорија до 63 килограми Николоска е на 165 место со 3 поени, добиени за учество на големите натпревари. Првопласирана е Тина Трстенњак од Словенија со 3.800 поени пред Кларис Агбежнену од Франција 2.610 и Мико Таширо од Јапонија 2.330 итн.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО