Ломаченко со нокаут ја освои ВБО титулата и влезе во историјата (ВИДЕО)

vasil lomachenko boxing

Двократниот олимписки шампион Васил Ломаченко (6-1, 4 КО), го продолжи молскавичниот подем во светот на професионалниот бокс.

Во својата седма професионална борба ја освои светската титула во втората тежинска категорија.

Украинецот (28 г.) во Медисон сквер гарден во Њујорк за пет рунди го нокаутира поранешниот шампион Роман Мартинез (29-3-3, 17 КО) и стана најбрз освојувач на светските титули во две тежински категории во историјата. Украинскиот левучар со силно десно кроше го нокаутираше Мартинез во мечот во кој во потполност доминираше.

Ломаченко на ВБО титулата воперолесна го додаде и ВБО појасот во суперлесна категорија.

https://youtu.be/amyqa6vbQT8

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО