Home Blog Page 2782

Кристијан Донев: На Светското првенство во Копер одам да бидам во најдобрите (ФОТО)

Kristijan pozira dve

На 25 јуни во Копер, Словенија, се одржува Светското превнство во бодибилдинг и фитнес, а Кристијан Донев е еден од неколкуте репрезентативци што ќе ја претсавуваат Македонија на светскиот собир на мускулите и на идеално градените тела.

Kristijan so drugar od klubot

„Цела година се подготвувам за Светското првенство, а последните шест месеци бев подложен на целосен режим поставен од мојот тренер во Гладијатор гим, Тоше Зафиров. Подготвен сум и ќе дадам се од себе да ја претставам Македонија во најдобро светло и да освојам еден од медалите“, вели Кристијан Донев, кој ќе се натпреварува во сениорска конкуренција над 178 см во фитнес категоријата. Како и во другите спортови така и во овој се чувствува недостатокот на финансии, но Донев се надева дека до одењето во Словенија ќе ги соберат потребните средства.

Kristijan so Gladijator maica

СП е под закрила на Меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација (ИБФФ), на која е членка и Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, од каде што најавуваат пријтани вести од Копер, но очекуваат и поддршка од нашинците кои работат таму.

Tim zafirov

Ipon.mk/В.Д.

Пожарникарите Келебиќ и Цветковски со „Stayin’ Alive“ по стапките на Стипе Миочиќ (ВИДЕО)

Nenad Kelebik pozarnikar potpren

Нашите пожарникари, пардон, каратисти репрезентативци добро денсаат на „Stayin’ Alive“ од Би џиз, Ненад Келебиќ од Цветан Димов и Иво Цветковски од Металург.

Ivo Cvetkovski pozarnikar

Можеби ќе ги фати мајата нашите репрезентативци и ќе станат славни како америкаснко-хрватскиот пожраникар Стипе Миочиќ, колј стана светски првак во тешка категорија на УФЦ.

Nenad kelebik pozarnika so crevo

Всушност, промотивното видео е на скопските пожарникари, каде што работат нашите карате репрезентативци, е направено за време на нивниот тренинг за интервенција при критични ситуации организиран од страна на LinkAcross Macedonia.

Во позадина, симболично, оди Stayin’ Alive.

Ipon.mk/В. Д.

Партизан – Штип освои 10 медали на „Врање опен 2016“

partizan stip vranje 2016

Карате клубот Партизан од Штип овој викенд со пионерската екипа во кати осови 10 медали на турнирот „Врање опен 2016“.

Златен медал освои Дамјан Андонов, сребро Кристијан Данев, додека бронзи и припаднаа на Тамара Иванова, Ева Димитровска, Анастасија Хаџи-Смилева, Мелани Митевска, Лина Ефтимова, Кристијан Николов, Стериа Наумов и Матеја Ѓорѓиев.

На овој 18. Интернационелен карате турнир „Врање опен 2016“ учествуваа клубови од Балканот.

Ipon.mk

Доминик Бризил: Ќе го победам Фјури со една рака

Dominik Brizil

Боксерот во тешка категорија, Доминик Бризил, во едно од последните интервјуа рече дека нема никакви проблеми да се сретне против шампионот на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури.

„Не размислувам многу за Тајсон Фјури, особено по неговата борба со Кличко. Можам да го победам со една рака. Тој подобро ќе се снајде во кечерството, отколку ако остане во боксот“.

На 25 јули во Лондон, Бризил ќе се сретне со 26-годишниот Ентони Џошуа.

 

Буакав Банчамек ќе има реванш со монахот од Шаолин (ВИДЕО)

Buakav i momahot od Saolin

Познатиот мај тај борец, Буакав Банчамек, го објави својот следен противник. Тој соопшти дека на 24 септември во Пекинг ќе има реванш меч со Лиу Ји Лонг.

Лонг е монах во Шаолин, кој веќе има една борба со мај тај ѕвездата, која ја загуби минатата година.

Нивната средба на моменти беше спорна, но и атрактивна, па најверојатно реваншот ќе предизвика интерес.

Балканец викендов на два турнири во Белград и Косово

Balkanec vo grcija Solun 2016

Борачите на Балканец овој викенд ќе настапат на два фронта, односно два меѓународни турнири во Србија и Косово.

Првиот турнир е „Президент купот“ во Белград (Србија), кој се одржува по трети пат, а борачите ќе настапат во грчко-римски стил во пионерска конкуренција родени 2001/03, кадетска 1999/2000 и јуниорска 1997/98 конкуренција.

За Балканец ќе настапат: Дарио Димитров, Филип Тасев, Тео Стојков, Дарко Иванов и Петар Тодев.

Турнирот е во организација на боречкиот клуб Црвена Звезда и може да се каже дека ќе биде мини светско првенство за млади борачи, бидејќи е најавено учество на преку 700 борачи од триесетина земји.

Дел од сениорите и младинците на БК Балканец во слободен стил ќе настапат на турнирот „Сува река 2016“ во Косово. Балканец ќе го претставуват следниве борачи: Стефан Никовски, Бобан Савев, Михаил Николов, Аце Донев, Давор Тасев и Џан Демиров.

„Очекуваме нашите борачите да прикажат одлични борби и да се вратат со медали од двата турнира“, велат од Балканец.

15.000 луѓе на џеназата на Мухамед Али (ВИДЕО)

alidzenaza_hinaa

15 илјади луѓе му оддадоа почит на Мухамед Али, кој еден од најголемите спортисти на 20 век.

 Илјадници луѓе од различни религии, нации, раси и возрасти се збогуваа од него. Тие пристигаа на џензата откако три часа беа отворени капииите пред традиционалната муслиманска служба. Некои од присутните скандираат, а други го снимаа телото на Али во халата Луисвил.

Имамот Заид Шакир, кој го водеше џеназето, изјави дека во таа служба се добредојдени припадници на сите вери.

„Ве поздравувам сите. Ги поздравувам муслиманите, ги поздравувам православните, ги поздравувам припадниците на сите други вери. Ги поздравувам нашите сестри, нашите стари, нашите млади. Мухамед Али ги сакаше сите”, изјави Шакир пред насобраните во Луисвил.

Џеназето траеше околу еден час, а на настанот одржаа говор неколку лица. Шерман Џексон изјави дека Али бил шампион на народот, голем борец и пример за црниците во Америка.

На настанот присуствуваше и истоименикот на Али од Бангладеш, кај кого што боксерот престојувал во текот на посетата на таа земја во седумдесеттите години. Али почина на 4 јуни во 74-та година од својот живот.

Погребот е утре и се очекува ковчегот да го носат, меѓу другите, и глумецот Вил Смит и боксерот Ленокс Луис, а говор да одржи поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.

Договорена е борба за титулата на ВБО: Кристоф Гловацки-Олександар Усик

Glovacki - huk

Договорена е уште една голема борба во крузер категоријата.

К2 Промоцијата испрати понуда која не можеше да ја одбие ВБО шампионот Кристоф Гловацки (26-0, 16 КО) и постигнат е договор за меч со задолжителниот предизвикувач Олександар Усик (9-0, 9 КО).

Светската боксерска организација го закажа поднесување на понудите за утрово во Њујорк, но двете страни не успеаја да постигнат договор за борбата да се одржи во средината на септември во Полска.

„Од наша страна направивме се што е можно. Со неговиот промотор Анджеј Василевски постигнавме фер компромис. Резултатот на нашите преговори е заеднички да го промовираме настанот“, рече Александар Красјук од К2 Промоцијатана браќата Кличко која ја води кариерата на Усик.

Предложените датуми за одржување на борбата се 10 или 17 септември, а точниот датум ќе биде потврден во јули.

На Гловацки (29 г.) тоа ќе му биде втора одбрана на титулата која ја освои против Марко Хук. Во април, со едногласна одлука го победи Стив Канингем, враќајќи се по повредата.

Усик (29 г.) го освои златото за Украина во тешка категорија на Олимписките игри во Лондон. А професионалец е од септември 2013 година.

Федор Емилијаненко сака борба со Брок Леснар

fedor_emelianenko do vreka

Руската ММА ѕвезда Федор Емилијаненко, кој неодамна ја обнови кариерата, го коментира враќањето на кечерот Брок Леснар во УФЦ и кажа со кого сака да се бори.

„Брок и јас сме интересни како ривали. Можеби нашите патишта ќе се вкрстат. Интересен ми се и Веласкез и Вердум – тие се флексибилни и универзални борци. И двајцата беа шампиони во тешка категорија.

Што се однесува до Арловски кој загуби од мене, тој го прифати поразот многу болно. Пред и по битката Андреј се однесуваше негативно кон мене и мојот тим, иако ние не направивме ништо лошо. Тоа е ММА – има победник и поразен. Не сакам да се борам повторно со него“.

А за да се потсетите како Арловски виси во воздух нокаутиран по впечатливиот удар на Федор, може продолжебие да го погледнете видеото.

https://youtu.be/5PdWH_F_twk

Влатко Зајков најдобар пеливан на турнирот во Погулево-Радовиш

Pelivani Pogulevo borba finale

По повод верскиот празник „Спасовден“ во Погулево кај Радовиш се одржа турнир во пеливанско борење на кој победи Влатко Зајков со победата во финалето над Влатко Анцев, додека трета позиција е за Фиданчо Јованов.

Pelivani Pogulevo so Fidanco

Органоизатори на турнирот со Аце Поцев, Горан Цинцовски и Игор Томов.

pelivani Pogulevo site

Поделени се парични награди и јагне за најдобриот.

Ipon.mk/В.Д.

IPON