Кристијан Донев: На Светското првенство во Копер одам да бидам во најдобрите (ФОТО)

Kristijan pozira dve

На 25 јуни во Копер, Словенија, се одржува Светското превнство во бодибилдинг и фитнес, а Кристијан Донев е еден од неколкуте репрезентативци што ќе ја претсавуваат Македонија на светскиот собир на мускулите и на идеално градените тела.

Kristijan so drugar od klubot

„Цела година се подготвувам за Светското првенство, а последните шест месеци бев подложен на целосен режим поставен од мојот тренер во Гладијатор гим, Тоше Зафиров. Подготвен сум и ќе дадам се од себе да ја претставам Македонија во најдобро светло и да освојам еден од медалите“, вели Кристијан Донев, кој ќе се натпреварува во сениорска конкуренција над 178 см во фитнес категоријата. Како и во другите спортови така и во овој се чувствува недостатокот на финансии, но Донев се надева дека до одењето во Словенија ќе ги соберат потребните средства.

Kristijan so Gladijator maica

СП е под закрила на Меѓународната бодибилдинг и фитнес федерација (ИБФФ), на која е членка и Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, од каде што најавуваат пријтани вести од Копер, но очекуваат и поддршка од нашинците кои работат таму.

Tim zafirov

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО