Боксерот во тешка категорија, Доминик Бризил, во едно од последните интервјуа рече дека нема никакви проблеми да се сретне против шампионот на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури.
„Не размислувам многу за Тајсон Фјури, особено по неговата борба со Кличко. Можам да го победам со една рака. Тој подобро ќе се снајде во кечерството, отколку ако остане во боксот“.
На 25 јули во Лондон, Бризил ќе се сретне со 26-годишниот Ентони Џошуа.
Познатиот мај тај борец, Буакав Банчамек, го објави својот следен противник. Тој соопшти дека на 24 септември во Пекинг ќе има реванш меч со Лиу Ји Лонг.
Лонг е монах во Шаолин, кој веќе има една борба со мај тај ѕвездата, која ја загуби минатата година.
Нивната средба на моменти беше спорна, но и атрактивна, па најверојатно реваншот ќе предизвика интерес.
Борачите на Балканец овој викенд ќе настапат на два фронта, односно два меѓународни турнири во Србија и Косово.
Првиот турнир е „Президент купот“ во Белград (Србија), кој се одржува по трети пат, а борачите ќе настапат во грчко-римски стил во пионерска конкуренција родени 2001/03, кадетска 1999/2000 и јуниорска 1997/98 конкуренција.
За Балканец ќе настапат: Дарио Димитров, Филип Тасев, Тео Стојков, Дарко Иванов и Петар Тодев.
Турнирот е во организација на боречкиот клуб Црвена Звезда и може да се каже дека ќе биде мини светско првенство за млади борачи, бидејќи е најавено учество на преку 700 борачи од триесетина земји.
Дел од сениорите и младинците на БК Балканец во слободен стил ќе настапат на турнирот „Сува река 2016“ во Косово. Балканец ќе го претставуват следниве борачи: Стефан Никовски, Бобан Савев, Михаил Николов, Аце Донев, Давор Тасев и Џан Демиров.
„Очекуваме нашите борачите да прикажат одлични борби и да се вратат со медали од двата турнира“, велат од Балканец.
15 илјади луѓе му оддадоа почит на Мухамед Али, кој еден од најголемите спортисти на 20 век.
Илјадници луѓе од различни религии, нации, раси и возрасти се збогуваа од него. Тие пристигаа на џензата откако три часа беа отворени капииите пред традиционалната муслиманска служба. Некои од присутните скандираат, а други го снимаа телото на Али во халата Луисвил.
Имамот Заид Шакир, кој го водеше џеназето, изјави дека во таа служба се добредојдени припадници на сите вери.
„Ве поздравувам сите. Ги поздравувам муслиманите, ги поздравувам православните, ги поздравувам припадниците на сите други вери. Ги поздравувам нашите сестри, нашите стари, нашите млади. Мухамед Али ги сакаше сите”, изјави Шакир пред насобраните во Луисвил.
Џеназето траеше околу еден час, а на настанот одржаа говор неколку лица. Шерман Џексон изјави дека Али бил шампион на народот, голем борец и пример за црниците во Америка.
На настанот присуствуваше и истоименикот на Али од Бангладеш, кај кого што боксерот престојувал во текот на посетата на таа земја во седумдесеттите години. Али почина на 4 јуни во 74-та година од својот живот.
Погребот е утре и се очекува ковчегот да го носат, меѓу другите, и глумецот Вил Смит и боксерот Ленокс Луис, а говор да одржи поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон.
Договорена е уште една голема борба во крузер категоријата.
К2 Промоцијата испрати понуда која не можеше да ја одбие ВБО шампионот Кристоф Гловацки (26-0, 16 КО) и постигнат е договор за меч со задолжителниот предизвикувач Олександар Усик (9-0, 9 КО).
Светската боксерска организација го закажа поднесување на понудите за утрово во Њујорк, но двете страни не успеаја да постигнат договор за борбата да се одржи во средината на септември во Полска.
„Од наша страна направивме се што е можно. Со неговиот промотор Анджеј Василевски постигнавме фер компромис. Резултатот на нашите преговори е заеднички да го промовираме настанот“, рече Александар Красјук од К2 Промоцијатана браќата Кличко која ја води кариерата на Усик.
Предложените датуми за одржување на борбата се 10 или 17 септември, а точниот датум ќе биде потврден во јули.
На Гловацки (29 г.) тоа ќе му биде втора одбрана на титулата која ја освои против Марко Хук. Во април, со едногласна одлука го победи Стив Канингем, враќајќи се по повредата.
Усик (29 г.) го освои златото за Украина во тешка категорија на Олимписките игри во Лондон. А професионалец е од септември 2013 година.
Руската ММА ѕвезда Федор Емилијаненко, кој неодамна ја обнови кариерата, го коментира враќањето на кечерот Брок Леснар во УФЦ и кажа со кого сака да се бори.
„Брок и јас сме интересни како ривали. Можеби нашите патишта ќе се вкрстат. Интересен ми се и Веласкез и Вердум – тие се флексибилни и универзални борци. И двајцата беа шампиони во тешка категорија.
Што се однесува до Арловски кој загуби од мене, тој го прифати поразот многу болно. Пред и по битката Андреј се однесуваше негативно кон мене и мојот тим, иако ние не направивме ништо лошо. Тоа е ММА – има победник и поразен. Не сакам да се борам повторно со него“.
А за да се потсетите како Арловски виси во воздух нокаутиран по впечатливиот удар на Федор, може продолжебие да го погледнете видеото.
По повод верскиот празник „Спасовден“ во Погулево кај Радовиш се одржа турнир во пеливанско борење на кој победи Влатко Зајков со победата во финалето над Влатко Анцев, додека трета позиција е за Фиданчо Јованов.
Органоизатори на турнирот со Аце Поцев, Горан Цинцовски и Игор Томов.
Поделени се парични награди и јагне за најдобриот.
Шампионот на УФЦ во перо категорија, Конор Мек Грегор, никогаш не се поколебал да го покажува богатството на социјалните мрежи, во тоа се вклучени дизајнот на облеката, луксузните возила и скапите шопинг сесии.
Ирецот најдебел чек доби оваа година кога го доживеа првиот пораз во УФЦ од Нејт Дијаз. И покрај поразот, Конор успеа да собори неколку рекорди на организацијата со појавата во октагонот.
Пред реваншот против Дијаз на УФЦ 202, Мек Грегор беше вклучен во листата на магазинот „Форбс“ во стоте високо платени спортисти во светот за последните 12 месеци.
Конор Мек Грегор е единствениот ММА борец во листата на Форбс, тој ја зазема 85-та позиција со приходи од 18 милиони долари за последната една година. Благосотојбата му е проценета на 4 милиони долари.
Ако погледнеме во другите спортисти од светот на боречките спортови, се одвојуваат Флојд Мејведер на 16 место на листата, додека Мани Пакијао и Канело Алварез ги заземаат 63-то и 92-то место.
Од денеска е јасно дека светскиот шампион во бокс во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер, ќе има доброволна одбрана на титулата на 16 јули во Алабама, САД.
Противникот на Вајлдер се уште не е објавен, но тоа би требало да се случи за време на прес-конференцијата на 15 јуни. Најверојатниот кандидат за шампионскиот појас е неговиот сонардоник, Крис Ареола.