Home Blog Page 2559

Мет Митрион: И должам еден меч и на Федор и на публиката

Откако Мет Митрион мораше да се повлече од дуелот со Федор Емилијаненко на Белатор 172, за што многумина го обвинија дека едноставно избегал од битката со „Последниот император“.

Дијагнозата на Митрион е камен во бубрезите, што, како што знаеме, може да биде исклучително сериозно, а и болно.

Митрион откри дека ќе се подложи на операција со која ќе се отстранат остатоците од каменот.

„Во моментов имам шест или седум камења во десниот бубрег. Во среда ќе отидам кај хирургот Еми Крамбек во Индијанаполис“.

Тој изјави дека не останал фасциниран од работите кои ги прочитал на интернет на негова адреса.

„Ги презирам социјалните мрежи, особено по слична ситуација во која секој ме нарекува пи.ка, кукавица, итн. Сепак, по некое време добив порака од докторот Бодо Кнудсен, кој ми кажа дека во Индијанаполис се наоѓа еден од најдобрите специјалисти за камења во бубрезите. Во среда ми е закажана операцијата“.

Запрашан каде точно ќе помине хирургот, за да стигне до проблематичната зона, Митрион призна, веројатно, не со голема радост: „Во местото од каде што правам нужда, пријателе“.

Постапката не само што ќе ги отстрани камења во бубрезите, туку и повеќе да не се повтори.

Митрион призна дека неговиот проблемо го чинел Белатор многу пари.

„Овој камен се појави од никаде и го чинеше Белатор милиони долари. Фановите, пак, не успеаја да видат еден неверојатен дуел, кој, убеден сум, секој сакаше да го проследи. Сите беа возбудени од овој меч. Сега и должам меч на навивачите, како и на Федор“.

Заборски ја доби стипендијата на АСМ од меѓународен категорија, Хусеини задволен со бронзата

Петар Заборски го освои бронзениот медал на Европското првенство во јуниорска конкуренција до 21 година во Софија, а по тој повод денеска имаше прием во Агенциијата за млади, каде што се одржа и прес-конференција. Заборски ќе биде награден со стипендија од меѓународна категорија од АСМ.

Заборски се заблагодари на Агенцијата за млади и спорт, федерацијата и матичниот клуб, кои и дадоа поддршка на каратистите.

„Презадоволен сум од резултатот со оглед на тешките противници кои се прво и второ рангирани на светската листа. Го освоив бронзениот медал благодарение на мојата физичка и психичка подготвеност. Сакам да се заблагодарам на сите кои несебично ни дадоа поддршка, а со тоа и мотив за дополнителна работа“, изјави Петар Заборски, кој е член на КК Макпетрол и е носител на сребрен медал како јуниор од ЕП пред две години.

„Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, а во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вицешампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на ова Европско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја. Практично, ова е прв медал за македонското карате, откако овој спорт стана дел од олимпиското семејство“, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

Тој упати честитки до сите репрезентативци, до тренерите и целокупниот стручен штаб на репрезентацијата, за како што рече, големиот успех и порача дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува карате спортот во државата.

„Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена“, нагласи Спасески..

Сепак, македонската карате репрезентација во борби и во кати, не го повтори успехот од ЕП 2016 во Кипар, кога освои шест медали (едно сребро и пет бронзи), што е и најголем успех во оваа конкуренција, но она што радува е континуитетот на освојување медали од младинските ЕП последниве 6-7 години. Ова е прв медал за македонските каратисти откако каратето и официјално стана олимписки спорт. Каратето ќе дебитира на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, во 2020 година.

„Европските првенства од година на година се сѐпосилни и помасовни, па затоа и многу потешко се доаѓа до медал. Задоволен сум од бронзата на Заборски иако очекував уште најмалку два медала. Кога говорам за ова, пред сѐ мислам на Петар Спасеновски, кој беше оштетен од судиите и на Моника Пендароска, која досега има освоено три медали од ЕП. Причината за тоа што не освоивме повеќе медали не ја гледам во недостигот од тренинзи, бидејќи матичните клубови го даваат максимумот во нивните подготовки, а репрезентативните, пак, дејствуваат во насока на тактиката, но и на мотивацијата во борбите. Сметам дека желбата за медал уште е недоволна кај каратистите, односно уште се реагира недоволно оптимистички кога ќе се добие противник од некоја силна репрезентација. А не треба да заборавиме дека денес и нашите противници не се многу расположени кога на татамите ќе добијат конкурент од Македонија“, рече тренерот на македонската селекција до 21 година, Арлинд Хусеини.
Инаку боите на Македонија во Софија ги бранеа 35 каратисти, од кои најмногу (девет) беа од КК Металург.

Погледите на младата репрезентација се свртени кон СП во Шпанија во октомври и МЛОИ во Аргенитина во 2018 година.за младите категории

Ipon.mk

Адил Мехмед е шампион на Универзитетското првенство на В.Британија и бара место во репрезентацијата (ФОТО)

Адил Мехмед (-67 кг) го освои првото место на Државното универзитетско првенство на Велика Британија, во сениорска конкуренција организирано од страна на BUCS (British Universities and Colleges Sports) во Шефилд, Англија, претставувајќи го универзитетот на кој е запишан на додипломски студии – The University of Manchester.  

„Имав пет борби и забележав исто толку победи. Во првото коло го победив натпреварувачот од University of St Andrews со 10-0, во второто коло го победив натпреварувачот од Nottingham Trent University со 5-0, во третото коло го победив гратскиот ривал од Manchester Metropolitan University со 3-0, во полуфиналето го победив претставникот од Birmingham University со 3-0, а во финалната борба го победив натпреварувачот од University of Strathclyde со 4-2. Слични и карактеристични резултати во борбите до финале – без загубен поен остварив и на изминатото Балканско првенство за сениори во Истанбул, Турција. Со овој успех се стекнав со норма за учество на Европското универзитетско првенство кое ќе се одржи од 23-27 јули 2017 г. во Португалија“, вели каратистот на Металург и репрезентативец, Адил Мехмед.

Кочачанецот Адил Мехмед истакнува дека се натпреварувал во сениорска категорија до 67 кг, истата категорија во која настапуваше на државните првенства, изборни турнири и бергер-натпреварувања во У-21 и сениори додека учеше во Македонија, и кога ја претставуваше македонската репрезентација или КК Металург на меѓународните турнири и првенства.

„Во мојата категорија имаше 49 натпреварувачи од различни факултети од териотирјата на В. Британија (Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска). Се надевам дека во иднина ќе добијам разбирање и оправдување од страна на раководните тела во КФМ, поради мојата вонредна состојба да студирам во странство, а и можност, која верувам дека ја заслужувам, за заедничка соработка со Федрацијата. Мојата цел е да продолжам да ги бранам боите на Република Македонија на првенствата кои следуваат, бидејќи сметам дека во последниот период влегувам во одлична форма и ќе бидам достоен претставник на македонската карате репрезентацијата“, истакнува Мехмед.

Ipon.mk/В.Д.

Бокс селекторот Петре Чурлиновски во благороден потфат (ФОТО)

Селекторот на бокс репрезентацијата на Македонија и тренер на БК Баргала, Петре Чурлиновски, деновиве го покажа спортскиот дух и на друг начин во Штип.

Имено, со една група граѓани го расчистуваа и уредуваа кејот реката Брегалница кој минатата есен беше поплавен по облните дождови.

Тие со својата работа придонесоа за повторно оживување на кејот покрај реката Брегланица кој за голем број на граѓани на Штип е место за прошетка, рекреација и релаксирање, а често пати и за тренинзи на спортските екипи.

Ipon.mk/В.Д.

Фреди Роуч: Флојд ми кажа дека мечот со Конор ќе се одржи

Можноста за дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор почнува да изгледа се пореален, а за тоа придонесе и легендарниот бокс тренер Фреди Роуч.

Тој се довери дека Мејведер го посетил во неговата соба и му рекол дека ако Конор ги побара неговите услуги, тогаш подобро да ги прифати, бидејќи овој дуел ќе се одржи.

„Флојд дојде во мојата соба и ме праша дали Конор зборувал со мене. Му реков дека тоа не се случило. Тој рече – „ако тој те побара и побара да го тренираш, на твое место би ја прифатил работата, бидејќи јас ќе се борам со него, а сите ќе направиме многу пари“.

„Флојд рече дека ќе се бори со него и се оди во таа насока. Во еден момент сметав дека тоа не е можно. Пред обидот да средам меч на Андреј Арловски со некого од браќата Кличко, но не успеав. Сега, сепак, живееме во друга ера и по се изгледа дека овој меч ќе се одржи“.

Роуч призна дека на Конор би му било многу тешко во бокс дуел со Флојд Мејведер.

„Конор е многу добар во стоечка позиција, но проблемот е што Флојд е одличен боксер. Тој е добар во тоа да те удри, но да не дозволува ти да го удриш. Ќе треба многу време за Конор биде подготвен за вистински боксерски меч. Но, еден удар може да промени сè, поради што не треба да го отпишуваме целосно. Мејведер ќе биде фаворит, но не треба да отпишуваме никого. Мек Грегор умее да удира силно и не се плаши да го прави тоа. Тоа ми се допаѓа кај него. Умее да продава, а исто така и да ме насмевнува. Но кога ќе удри гонгот, подобро да е подготвен, бидејќи против себе ќе има еден од големите боксери на нашата ера“.

Кличко: Фјури со мене играше ментални игри и се уништи

G

Владимир Кличко верува дека Ентони Џошуа си ги зголемува шансите за евентуален успех во борбата со него без да влегува во „ментални игри“, како што тоа го правеа Дејвид Хеј и Тајсон Фјури.

40-годишниот Украинец на 29 април се бори со Џошуа на Вембли за неговата ИБФ, како и за слободните ВБА и ИБО титули. Во воведот на борбата поранешните олимписки шампиони покажа исклучителна почит еден кон друг.

Тоа е сосема поинаква ситуација од борбата со Фјури. Се чини дека Англичанецот успеа да му влезе под кожа на Кличко пред изненадувачката победа во ноември 2015 година.

Искуствата на браќата Кличко со британските тешкаши, вклучувајќи го и поразот на Витали од Ленокс Луис се претежно негативни, но помладиот брат вели: Се работи за личност, а не за националност.

„Тоа е одлично за боксот што овој настан се промовира на овој начин, без вербална или физичка или која било друга форма на злоупотреба“.

„Тоа многу пати го доживеав од Дејвид Хеј и Тајсон Фјури. Јас дури неодамна на прес-конференција во Њујорк слушнав од Ентони дека менталната игри се се. Но, јас не играм игри, јас сум сериозен во врска со она што го правам. Кога мене нема ментални игри“.

„Можеби е тоанешто што може да го искористите на одреден начин, но тоа нема да работам на мојата кожа – претрда е. На крајот луѓето сами си влегуваат под  кожа, што се случи во случајот на Дејвид Хеј и, за жал, Тајсон Фјури“.

„Не добив прилика повторно да се борам со него и тој во меѓувреме едноставно е уништен. Ја доби борбата, но ако зборуваме за ментална страна …“, рече Владимир.

„Затоа јас не играм такви игри и јас сум искрен. Луѓето се обидувам да ми се вовлечат под кожа се фокусираат на погрешни работи и самите на себе си создават хаос во главата. Само погледнете го Фјури“.

До борбата меѓу Кличко и Џошуа дојде откако Фјури падна во депресија и мораше да се откаже од реваншот.

Луис направи пресврт и го нокаутира Браун (ВИДЕО)

Дерик Луис (18-4, 9-2 УФЦ) на УФЦ Фајт најт 105 во канадскиот Халифакс стигна до шестата последователна победа.

„Црниот ѕвер“ во главната борба на вечерта го нокаутира Тревис Браун (18-6-1, 9-6-1 УФЦ).

„Хапа“ со ударите во тело во првата рунда го повреди Луис кој по три минути во втората рунда го собори десно кроше и го заврши со граунд енд паунд. На Браун ова му беше четврти последователен и петти во последните шест борби.

https://youtu.be/8slVFeaAWAw

Мечот Браун-Луис е избран за борба на вечерта, покрај нив 50.000 долари бонус добија Пол Фелдер (13-3, 3-2 УФЦ), кој со технички нокаут во првата рунда го победи Алесандро Ричи (10-5, 0-2 УФЦ) и Тиаго Сантош (14-5, 6-4 УФЦ), која во втората рунда со одличен удар од свртување го нокаутира Џек Маршмен (21-6, 1-1УФЦ).

https://youtu.be/Tpd9JabyPYk

https://youtu.be/zX-70SO5m3s

Во своето деби во средна категорија Џони Хендрикс го победи Хектор Ломбард со едногласна одлука на судиите.

https://youtu.be/kEL5XJ3Z6Cg

УФЦ Фајт најт 105

Дерик Луис – Тревис Браун (КО, Р2)

Џони Хендрикс – Хектор Ломбард (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)

Гевин Такер – Сем Сицилија (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)

Илија Теодору – Цезар Фереира (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)

Сара Мек Ман – Џина Мазани (сабмишн, давење со рачен триаголник, Р1)

Пол Фелдер – Алесандро Ричи (ТКО, Р1)

Сантијаго Понзинибиоo – Нордин Талеб (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)

Ренда Маркос – Карла Еспарза (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)

Аимен Ахав – Реџиналдо Виеира (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)

Тиаго „Мар“ Сантош – Џек Маршмен (ТКО, Р2)

Џералд Мершаерт – Рајан Џејнс (сабмишн, армбар, Р1)

Федор за пропаднатата борба: Не сакав друг противник!

Федор Емелианенко во последен момент остана без настап на Белатор откако Мет Митрион се повлече поради здравствени проблеми.

Белатор се обиде да најде замена за бившиот УФЦ борец, но само неколку часа до борбата беше прекраток рок. Повеќе американски портали објавија дека во игра биле повеќе познати имиња, а Каел Сонен сам изразил желба за настап против Федор. Фановите се разочарани и испратија критики до Митрион, но легендарниот руски борец не му забележа.

„Многу ми е жал што не добив прилика да се борам. Се подготвував напорно за борбата. Таков е животот, тоа треба да се прифати, на секој може да му се случи”, рече Федор и призна дека не бил подготвен да прифати друг противник за толку кратко време.

„Мислам дека промената на противникот за толку кратко време не би била во ред. Затоа одлучивме да ја одложиме борбата“, објасни Федор.

Белатор и Федор веќе го најавија враќањето на еден од најдобрите борци во историјата за мај или јули, но не е одлучено дали тоа ќе биде против Митрион.

 

Резарта Алими освои златен медал на Гран при џудо турнирот во Словачка

Младата џудистка Резарта Алими (52 кг) викендов освои златен медал во кадетска конкуренција на Гран при турнирот во Банска Бистрица во Словачка. на ГП турнирот учествуваа џудисти од 16 држави.

Алими настапува за клубот Полиција од Приштина и има освоено многу златни медали, а неодмана воспоставија соработка со Џудо клубот Гладијатор од Кочани за кого и ќе настапува.

Според нашите информации, Резарта има и македонски пасош и дека размислува да ја преставува Македонија.

Ipon.mk/В.Д.

Дан кју и Осенсеи освоија 13 медали на „Мимоза опен 2017“- Херцег Нови (ФОТО)

Натпреварувачите Дан-кју и Осенсеи на Меѓународниот џиу џица турнир „Мимоза опен 2017“ во Херцег Нови-Црна Гора, освоија 13 медали – 5 златни, 3 сребрени и 5 бронзени.

Медали освоија:
Кристијан Костов – златен медал кадети -60 кг
Ивана Василева – златен медал, кадетки -57кг
Христијан Јованов – златен медал, кадети -81кг
Ева Димитрова – златен медал, пионирки -48 кг
Катерина Ацевска – златен медал ст.пионерки +63
Калин Кирковски – сребрен медал, мл.пионери -42
Филип Денков – сребрен медал, пионири +42 кг
Данил Николиски – сребрен медал, пионири -38 кг
Станислав Грпов – бронзен медал, пионири -38 кг
Дарко Стојановски – бронзен медал, деца +42
Давид Дамовски – бронзен медал, мл.пиоенри +52
Јаким Колевски – бронзен медал, деца -34
Зоран Колевски – бронзен медал, деца -27.

Македонската џиу џицу федерацијата по обичај избира борец на турнирот, а тоа овој пат е Кристијан Костов. Тој покрај двете победи за златен медал во категоријата имаше и две победи во рамките на Јадранската лига.

Тимот на Осенсеи Балекс настапи во Јадранската џиу џицу лига и покажа доста храбри борби во ова квалитетно натпреварување.
Осенсеи Балекс настапи во состав: Христијан Јованов, Кристијан Костов, Кирил Иванов, Виктор Велинов и Дарко Герасимов.

Јадранска џиу џица лига – резултати: 
АДК Марибор – Осенсеи Балекс 3:3 (132-115)
НиФ Алексинац – Осенсеи Балекс 4:2 (89-21)
Панда Херцег Нови – Осенсеи Балекс 5:1 (146-24)

Три победи за нашиот тим, две забележа Кристијан Костов и една Виктор Велинов.

Од Федерацијата сопштуваат дека на 26 е Држаното првенство што ќе се одржи во Штип, а веднаш потоа турнирот на 1-2 април во Р.Словенија.

Ipon.mk/В.Д.

 

IPON