Фреди Роуч: Флојд ми кажа дека мечот со Конор ќе се одржи

Можноста за дуел меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор почнува да изгледа се пореален, а за тоа придонесе и легендарниот бокс тренер Фреди Роуч.

Тој се довери дека Мејведер го посетил во неговата соба и му рекол дека ако Конор ги побара неговите услуги, тогаш подобро да ги прифати, бидејќи овој дуел ќе се одржи.

„Флојд дојде во мојата соба и ме праша дали Конор зборувал со мене. Му реков дека тоа не се случило. Тој рече – „ако тој те побара и побара да го тренираш, на твое место би ја прифатил работата, бидејќи јас ќе се борам со него, а сите ќе направиме многу пари“.

„Флојд рече дека ќе се бори со него и се оди во таа насока. Во еден момент сметав дека тоа не е можно. Пред обидот да средам меч на Андреј Арловски со некого од браќата Кличко, но не успеав. Сега, сепак, живееме во друга ера и по се изгледа дека овој меч ќе се одржи“.

Роуч призна дека на Конор би му било многу тешко во бокс дуел со Флојд Мејведер.

„Конор е многу добар во стоечка позиција, но проблемот е што Флојд е одличен боксер. Тој е добар во тоа да те удри, но да не дозволува ти да го удриш. Ќе треба многу време за Конор биде подготвен за вистински боксерски меч. Но, еден удар може да промени сè, поради што не треба да го отпишуваме целосно. Мејведер ќе биде фаворит, но не треба да отпишуваме никого. Мек Грегор умее да удира силно и не се плаши да го прави тоа. Тоа ми се допаѓа кај него. Умее да продава, а исто така и да ме насмевнува. Но кога ќе удри гонгот, подобро да е подготвен, бидејќи против себе ќе има еден од големите боксери на нашата ера“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО