Федор за пропаднатата борба: Не сакав друг противник!

Федор Емелианенко во последен момент остана без настап на Белатор откако Мет Митрион се повлече поради здравствени проблеми.

Белатор се обиде да најде замена за бившиот УФЦ борец, но само неколку часа до борбата беше прекраток рок. Повеќе американски портали објавија дека во игра биле повеќе познати имиња, а Каел Сонен сам изразил желба за настап против Федор. Фановите се разочарани и испратија критики до Митрион, но легендарниот руски борец не му забележа.

„Многу ми е жал што не добив прилика да се борам. Се подготвував напорно за борбата. Таков е животот, тоа треба да се прифати, на секој може да му се случи”, рече Федор и призна дека не бил подготвен да прифати друг противник за толку кратко време.

„Мислам дека промената на противникот за толку кратко време не би била во ред. Затоа одлучивме да ја одложиме борбата“, објасни Федор.

Белатор и Федор веќе го најавија враќањето на еден од најдобрите борци во историјата за мај или јули, но не е одлучено дали тоа ќе биде против Митрион.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО