Home Blog Page 2558

Кличко: Никогаш нема да седнам на каучот и да пијам пиво

Украинската боксерска легенда Владимир Кличко, кој на 29 април на „Вембли“ во Лондон ќе се сретне со светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа, вели дека веќе има јасен план за претстојниот меч.

„Можам да ветам дека ќе го нап ова или она. Но традиционалните ветувања не значат ништо. Само фактите – тоа е најважното нешто. Сите ќе видат се на 29 април. Да претпоставиме дека сум ја напишал прогнозата, но пликот ќе биде отворен на 29 април“, рече Кличко за „Дејли меил“.

Како што истакна Украинецот, тој и Џошуа многу си слични.

„Ентони и јас имаме многу заедничко. И двајцата сме олимписки шампиони, кои станаа светски шампиони како професионалци. И двајцата сме силни и умни, учтиви и со почит. И двајцата победуваме на професионалниот ринг. Кој е подобар? На страната на Џошуа е младоста. на мојата – искуството. Возраста е релативен концепт. Тоа е само еден број. никогаш нема да седнам на каучот и да пијам пиво. Такво нешто никогаш нема да се случи. Колку сум подготвен да си ја завршам добро работата во рингот на 29 април? Сите ќе го разберат тоа“, изјави Украинецот, кој беше совладан од Британецот Тајсон Фјури на 28 ноември 2015 година.

Борче Талевски:„Силниот и многу сигурен противник Иван Глухак се исплаши од мене“!

Mладиот битолчанец Борче Талевски викендов (26 февруари) требаше да се бори со иксусниот хрватски ММА борец, Иван Глухак, на настан во Словенија, но тој ја откажа борбата.

Талевски ја крена на нозе јавноста во регионот по победата на искусниот Хрват Ивица Трушчек на МФЦ во Загреб минатиот месец.

Силниот и многу сигурен противник Иван Глухак се исплаши од мене. Таквите борци ги нарекувам кукавици или пи..и што бегаат и што одбират противници. Јас прифаќам борба со којбило противник во кое било време. Иван Глухак е само глумец и ги наоѓа најслабите клошари, противниците со кои се има борено. Знаеше дека ќе му ја скршам главата и дека ќе биде нокаутиран. Од страв ја откажа борбата оти не бил подготвен. Не дека не е подготвен, туку е голема пи..а“, луто регаира Борче Талевски по откажувањето на борбата од страна на Глухак.

Борче вели дека продолжува напред и иако е помал од него, го предизвикува во кафезот да се појави и да се соочи со него.

„Ќе му треснам главата на подот! Кога сака и каде сака прифаќам борба, само да ги расчистиме сметките. Овој момент го користам да кажам дека сум доволно подготвен и дека ќе излезам и во бокс и во кик бокс, само чекам вистинска прилика и вистински турнир во Македонија и во странство“, истакнува Талевски.

Ipon.mk/В.Д.

Миочиќ и остави порака на сите предизвикувачи и објасни по што се разликува од претходните шампиони

Со последните победи на Френсис Нагану и Дерик Луис тешката категорија доби доза на свежа крв. Листа на предизвикувачи веќе долго време не изгледала вака квалитетно, но тоа не се рабпоти што го загрижуваат актуелниот шампион Стипе Миочиќ.

Во ситуација кога е се поголем бројот на оние кои го сакаат неговиот појас, но и оние кои понатаму да ги омаловажуваат неговите успесите и вештини, Стипе се почувствува должен на сите нив да им испрати јасна порака.

„Слушај, разбирам дека сето ова е дел од промоцијата, но на мене никој никогаш не ми даде шанса. Никој никогаш не мислеше дека ќе бидам шампион, а погледнете каде сум сега. Ќе продолжам да и покажувам на луѓето дека не се во право и дека тоа сакам да го правам. Го обожувам тоа. Сакам да ми кажете колку сум очаен, како ќе бидам нокаутиран и како сум имал среќа во текот на целата кариера. Тоа е во ред, ќе го прифатам тоа и понатму ќе ве замолувам“, рече Миочиќ за Фокс спорт и остави порака за сите предизвикувачи.

„Погладен сум од сите нив. Никој од нив не вложил труд колку што вложив јас за да дојдам до оваа титула. Не ми е гајле она што треба да се направи, но оваа титула не ја испуштам“.

Пред актуелниот шампион е вторта одбрана на појасот и реваншот со Жуниор дош Сантос. Доколку победи на тој меч, Миочиќ ќе дојде на чекор за влез во историјата, бидејќи во тој случај ќе му недостасува само една одбрана за да стане првиот тешкаш во историјата на УФЦ со три одбрани на титулата. На никого не му успеало тоа, но Стипе смета дека тој не е како другите тешкашки шампиони.

„Го сакам тоа повеќе од нив. Кратко и јасно“, заклучи Миочиќ.

Вајлдер: Кога си имаш работа со Кличко, ништо не можеш да прогнозираш

Светскиот шампион на ВБЦ во супертешка категорија, Дионтеј Вајлдер, нема точна прогноза за претстојниот меч меѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Според Американецот, судирот на лондонскиот стадион „Вембли“ на 29 април ќе биде напнат и непредвидлив.

„Ова ќе биде многу тежок дуел, за да се дават прогнози. Паметиме како изгледаше Кличко во борбата против Тајсон Фјури, и како возраста на Украинцот си го  кажа своето нан средбата со Брајант Џенингс. Но, кога си имате работа со боксер како Кличко, никогаш не може да прогнозирате ништо. Знам дека тренира како луд за оваа борба и ако на рингот излезе „најдобриот“ Кличко, Џошуа ќе има сериозни проблеми. Тој знае што да прави и кога да го направи. Во кариерата поминал низ бројни мечеви и боксери со различни стилови. И, ако Џошуа има некаква слабост, тогаш ова е само недостаток на искуство. Ентони заврши огромна работа, предвреме ги освои сите негови битки, но дали е подготвен за Кличко? Не сум сигурен. Се прашувам дали е подготвен за едно навистина елитно ниво? Разумот ми вели – Кличко, но срцето ми е за Џошуа“, изјави Вајлдер.

Вајлдер направи проценка и на моменталната состојба на супертешката категорија која според него стана многу интересна за фановите.

„Потенцијално има можност за организирање на многу големи борби во иднина. Тука се Џозеф Паркер, Луис Ортиз и конечно Дилиен Вајт, кој крена многу врева на мечот со Чисора. Треба да се истакне и враќањето во елитата на Дејвид Хеј. Прекрасно е, што сите зборуваат за нашата категорија. Супертешка категорија доживеа период на недостаток на интерес, таква беше ситуацијата до поразот на Кличко. Мислам дека 2017 година ќе биде година на големи борби“, коментира Вајлдер.

Тој самиот сака по одбраната на неговата титула против Џералд Вошингтон да ги измери силите со Џозеф Паркер, носител на шампионскиот појас на ВБО и да започне процес за обединување на титулите.

„Откако ќе го победам Вошингтон, го сакам Паркер за ривал. Тој го поседува појасот на ВБО, а тоа е нешто кон што се стремам“, рече Американецот.

Дионтеј Вајлдер зборува и за потенцијалната можност за натпревар со Ентони Џошуа.

„Ќе го победам, како и сите мои претходни противници. Не се сомневам дека можам да го нокаутирам секој борец во тешка категорија. Сето тоа е благодарение на Бога, кој ме опреми со особен талент и необична сила. Поседувам и карактер. Подготвен сум да се борам до крај. Не ме возбудува што сте правеле пред или на она што сте способни. Ако се судрите на рингот со човек како мене, ќе се најдете во голема неволја“, изјави со самодоверба Вајлдер.

Татко му на Флојд се изнасмеаја на боксерските умешности на Мек Грегор (ВИДЕО)

Таткото на Флојд Мејведер – Флојд Мејведер Ср., не е импресиониран од боксерски вештини на Конор Мек Грегор.

Мејведер, кој е поранешен боксер и успешен тренер, се наведна над смартфонот на новинарот кој го интервјуирал, и го погледна бокс спарингот на Мек Грегор.

Најблаго речено, Мејведер Ср. не беше кој знае колку позитивно настроен од она што го виде.

„Неговите боксерски вештини се ништо. Јас самиот би го зачукал. Воопшто не сум импресиониран. Ако мојот син одлучи дека не му е интересно, јас самиот ќе излезам на рингот со него. Ќе го направам тоа. И ќе му го наплескам задникот, ви го гарантирам тоа“.

„Ако е тоа начинот на кој боксира, ќе му го сртима задникот. Не може да ме победи со она што го гледам тука. А јас сум веќе на 63 години“.

.

Јанушевски: Преоптимистичка беше најавата на селекторите дека ќе се вратиме со многу повеќе медали од ЕП!

Пред Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Софија, Бугарија, се ширеше оптимизам дека можеме да освоиме најмалку три медали со оглед на ланските шест на ЕП во Кипар (едно сребро и пет бронзи), што беше најголем успех во оваа конкуренција.

Можеби билансот ќе беше подобар да не беа оштетени од судиите Петар Спасеновски (-84 кг, У-21) и Вероника Костовска (јуниори), па и поразот на Моника Пендароска на изјаснување, која до сега има освоено три медали.

Тренерот на Металург (клубот имаше девет репрезентативци), чиј член е Спасеновски, и кој го водеше во натпреварите, Мирче Јанушевски, за „Нова Македонија“ изјави:

„Мислам дека беше преоптимистичка најавата на селекторите дека од ова ЕП може да се вратиме со многу повеќе медали. Сепак ова е ЕП, каде што секој може секого да победи, а да не зборуваме за влијанието на неправедните судиски одлуки, како онаа, со која на Спасеновски му беше „украден“ медалот. Сепак 4-5 каратисти и каратистки беа подготвени за медал на ова ЕП, но околностите беа такви што останаа без него. Тука би ги истакнал Марио Свинарски, Давид Петков, Вероника Костовска, Моника Пендароска, Петар Спасеновски, Семир Ќосовиќ… Всушност, меѓу овие млади надежи, во комбинација со неколку поискусни, треба да се бараат и потенцијалните кандидати за ЛОИ 2020 во Токио. На македонските репрезентативци им требаат повеќе заеднички тренинзи каде што ќе работат заедно, потребен е и настап на што повеќе силни турнири, па и надвор од Европа, каде што настапува светската елита и каде што каратистите побрзо би созреале. Со еден збор, потребен е систем на работа што ќе ги исфрли на површината што побргу кандидатите за ЛОИ“.

Јанушевски за Ipon.mk истакна дека сака со стручни лица – судии да ги прегледаат снимиките и да се реагира кај Судиската комисија на ВКФ. Тој наведува дека и селекторот на Босна и Херцеговина признал дека Спасеновски е оштетен од судиите со збопровите: „Покрали су вас“!

Може само да не радува фактот што продложи континуитетот на освојување медали од младинските ЕП во последниве 6-7 години. Сепак, ова е и прв медал за македонските каратисти откако каратето и официјално стана олимписки спорт, а ќе дебитира на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, во 2020 година.
Да потсетиме дека бронзениот медал го освои членот на Макпетрол, постариот јуниор (до 21 год.) Петар Заборски во категоријата до 75 кг. Заборски и како јуниор е носител на сребрен медал од ЕП пред две години.
Ipon.mk/В.Д.

Хва ранг ИТФ ги почнува меѓународните натпревари на „Србија опен“

Таеквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид ги почнува годинашниве настапи со учеството на квалитетниот Меѓународен турнир „Србија опен“ во Бачка Топола овој викенд.

На овој турнир натпреварувачите на охридскиот клуб предводен од Марјанчо Лазаревски ќе ги одмерат силите во две дисциплини – борби и форми поединечно.

Верувам во нашите теквондисти и во нивните квалитети, и се надевам дека ќе не претсват во најдобро светло“, рече тренерот Лазаревски.

Како вовед за турнирот во Бачка Топола беше техничкиот семинар во Охрид со сениор гранд мастер, Ким Унг Чол, црн појас деветти ден на ИТФ таеквондо кое се бори да стане олимписки спорт.

Охридскиот клуб на турнирот во Србија ќе настапи без Александар Јованоски, Јана Спасеска и Јане Димов кои стандардно имаат висок пласман на турните на кои учествуваат поради здрваствени причини и ученички натпревар.

Ipon.mk/В.Д.

Обложувалниците повеќе му веруваат на Мек Грегор отколку на екс-боксерскиот шампион и последниот предизвикувач на Мејведер!

 

Откако дуелот меѓу Конор Мекгрегор и Флојд Мејведер Јуниорт станува се повеверојатен така и поедини обложувалници го ставаат овој меч во својата понуда.

Сосема очекувано, Мејведер е голем фаворит во бокс пресметката со најголемата ММА ѕвезда на денешницата и коефициентот на неговата победа се движи од 1,04 – 1,14, што е, верувале или не, повисока квота од онаа што беше ставена на него во натпреварот со Андре Берт (1,02-1,03), последниот предизвикувач на Флојд и поранешен шампион во ВБЦ и ИБФ, како и носител на привремениот појас на ВБА.

Сите оние кои веруваат во ирскиот борец би можеле да заработат во лсучај тој да го шокира светот и да го совлада досега непоразениот Американец, бидејќи шансите за неговата победа се помеѓу 5,35 и 10,00.

Новата девојка на УФЦ Лорен Комптон не е за фрлање!

Без разлика дали сте љубител на ММА спортот или тој воопшто не ви го привлекува вниманието, сигурни сме дека за ринг-девојките на најголемата организација во индустријата можете да најдете минута слободно време.

Новото засилување на редовите, предводени од Аријана Селена се вика Лорен Комптон.

Русокосата убавица е од државата Орлеанс и веќе има сериозен број следбеници на Инстаграм (над 80.000).

https://www.instagram.com/p/BN4nxK6hzbl/

https://www.instagram.com/p/BN0kF27Br7M/

Првиот настап на Лорен беше на УФЦ 206, кога Макс Холовеј го победи поранешниот шампион во лесна категорија Ентони Петис во третата рунда со технички нокаут.

https://youtu.be/YzWMXFrh4PM

Поразот сигурно боли, но барем Лорен му била во близина да го утеши …

.

Мет Митрион: И должам еден меч и на Федор и на публиката

Откако Мет Митрион мораше да се повлече од дуелот со Федор Емилијаненко на Белатор 172, за што многумина го обвинија дека едноставно избегал од битката со „Последниот император“.

Дијагнозата на Митрион е камен во бубрезите, што, како што знаеме, може да биде исклучително сериозно, а и болно.

Митрион откри дека ќе се подложи на операција со која ќе се отстранат остатоците од каменот.

„Во моментов имам шест или седум камења во десниот бубрег. Во среда ќе отидам кај хирургот Еми Крамбек во Индијанаполис“.

Тој изјави дека не останал фасциниран од работите кои ги прочитал на интернет на негова адреса.

„Ги презирам социјалните мрежи, особено по слична ситуација во која секој ме нарекува пи.ка, кукавица, итн. Сепак, по некое време добив порака од докторот Бодо Кнудсен, кој ми кажа дека во Индијанаполис се наоѓа еден од најдобрите специјалисти за камења во бубрезите. Во среда ми е закажана операцијата“.

Запрашан каде точно ќе помине хирургот, за да стигне до проблематичната зона, Митрион призна, веројатно, не со голема радост: „Во местото од каде што правам нужда, пријателе“.

Постапката не само што ќе ги отстрани камења во бубрезите, туку и повеќе да не се повтори.

Митрион призна дека неговиот проблемо го чинел Белатор многу пари.

„Овој камен се појави од никаде и го чинеше Белатор милиони долари. Фановите, пак, не успеаја да видат еден неверојатен дуел, кој, убеден сум, секој сакаше да го проследи. Сите беа возбудени од овој меч. Сега и должам меч на навивачите, како и на Федор“.

IPON