Home Blog Page 2557

Рој Џонс посака меч со ММА легендата Андерсон Силва

Поранешниот апсолутен светски шампион во лесно-тешка категориај Рој Џонс – Јуниор (САД), изјави дека сака да се бори со ММА легендата Андерсон Силва (Бразил). Според Американецот, нивниот меч може да се одржи на истата галавечер во која Флојд Мејведер ќе се бори со Конор Мек Грегор.

„Тоа ќе биде уникатен настан“, рече Рој Џонс.

Гласините за средбата меѓу Американецот и Бразилецот циркулираат во последните десет години. За прв пат се појавија во времињата кога Андерсон Силва беше тотален владетел во средна категорија и го газеше секој противник. Во моментов Јужноамериканецот не е во најдобра форма, иако победи во последниот меч против Дерек Брансон. Предходно немаше победа повеќе од четири години.

.

Тројца борачи ќе ја претставуваат Македонија на „Петко Сираков“

Македонските младински репрезентативци во борење Бехар Махмути, Раиф Камбери и Рамадан Мустафовски отпатуваа на силниот Меѓународен турнир „Петко Сираков“ во Бугарија, кој ќе се одржи овој викенд.

На турнирот требаше да патува Владимир Егоров, но го откажа учеството од засега непознати причини, па затоа итно беше повикан Мустафовски.

Како тренер ќе патува Сашо Игнатовски, а судија е Илчо Макроски.

Според правилата на ФБСМ, ако некој борач без прчина го откажува учеството во националниот тим, тогаш на него нема да се смета за репрезентацијата.

Пакијао потврди: Преговара за меч со Амир Хан

Боксерската легенда Мани Пакијао потврди дека преговара за меч со британската ѕвезда Амир Хан. Се очекува тоа да биде следната средна на Филипинецот.

Двајцата се поранешни соборци. Во исто време тренираа кај американскиот специјалист Фреди Роуч. Пакијао ја прекине својата кариера, но изненадувачки се врати минатата година. Гласините за евентуален меч со Хан почнаа уште во 2015 година, но до таква средба не дојде. Се очекува домаќин на сличен дуел да биде Лас Вегас или Лос Анџелес, а средбата да се одржи летотo.

.

Фергусон: Мек Грегор го искористи Мејведер како извинување за одалечувањето од УФЦ

Веќе упорно се зборува дека Конор Мек Грегор е близу до средба со Флојд Мејведер на боксерскиот ринг, заработувајќи и повеќе од солидна сума на пари.

Сепак, Тони Фергусон кој наскоро ќе се соочи со Хабиб Нурмагомедов во меч за привремената титула во лесна категорија, особено многу не се интересира за гласините за таа средба.

„El Cucuy“ е свесен дека тоа би значело оти Мек Грегор подолг период ќе биде надвор од октагонот, но според Фергусон, можеби, во случајот, токму и тоа е целта на Ирецот.

„Ова е маратон, а не спринт. Разликата е во тоа што многу луѓе пловат на површината навистина брзо, но потоа исчезнуваат. Мислам дека токму тоа го прави и Конор Мек Грегор. Тој веќе исчезнува. Го користи Мејведер како изговор, но тоа е спорт за вистински мажи – ако сака да премине во боксот и таму да му го сритаат газот, тоа си е негова работа“.

Шенон Бригс ќе се бори за титулата на ВБА со Оквендо

Сепак, ќе се одржи дуелот меѓу Шенон Бригс и Фрес Оквендо за титулата во тешка категорија на ВБА.

Тоа го потврди извршниот директор на Сквер ринг промоушнс, Џон Вирт.

„Тоа беше долг процес и тешки преговори, но златните вести се дека Фрес конечно ќе има шанса да ја освои титулата на ВБА во тешка категорија. И благодарам на сите од ВБА за оваа можност. Фрес е во фантастична форма и е фокусиран да го освои појасот. Го гледав на спаринг и изгледаше одлично. Неговата подготвка е уникатна и предвидувам одличен дуел“, се довери Вирт.

Фрес Оквендо не се борел од јули 2014 година, кога загуби со судиски одлука од Руслан Чагаев.

Шенон Бригс е во серија од 9 последователни победи, откако се врати на рингот во 2014 година. Ривали му беа со пониско ниво.

Титулата на ВБА е испразнета откако Тајсон Фјури минатата година се откажа од сите појаси.

Регионалната бокс лига промовирана и во Нови Сад, Будо спорт спонзор (ВИДЕО)

По Лозница, Скопје и Загреб во Нови Сад Регионалната бокс лига одржа прес-конференција, за која медиумите покажаа голем интере, а тоа е занк дека Лигата има силна поддршка од медиумите и на јавноста пред почетокот во март.

На презентацијата присуствуваа претставници од боречкиот клуб Лозница и Лазаревац од Србија, Сесвете од Хрватск, Славија од Бања Лука, Бијелина -Работник, Пинк Пантер од Македонија, Спартак Суботица, и боксерски клуб Војводина, како домаќин на состанокот.

На средбата говореше претседателот на Регионалната лига Јурица Рунтиќ, потпретседателот Илија Младеновски и другите членови на одборот Александар Рисимиќ, Миленко Томиќ, Душко Бјелини, Милан Козомара, Душан Пантелиќ и селекторот на српската репрезентација томислав Антељ, како и д-р Срѓан Вукмировиќ и Милорад Рељиќ.

Регионална боксерска лига ќе се натпреваруваат клубови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија, а во наредната 2018 година можно е учество и на клубови од територијата на Црна Гора, Словенија и Унгарија.

Тоа беше последната средба на сите претставници на клубот пред почетокот на натпреварите на 4 март.

Компанијата Будо спорт рибар од Загреб ги претстави боксерски ракавици Топ тен кои клубовите ќе ги користат на  мечевите, ќе бидат спонзорство од оваа фирма.

Првото коло е закажано за 4 март кога ќе се сретнат БК Славија од Бања Лука и БК Сетсвете, БК Лазаревац и БК Работник и БК Пинк Пантер и BK Војводина Спартак. Во првиот круг е слободна екипата на Лозница.

Посебно внимание предизвика појавата на легендата Слободан Качар кој го поздрави овој здрав проект.

Ipon.mk/В.Д.

Силата е во мадињата?! (ВИДЕО)

Можеби си ја зајкнале машкоста, силата, а фамилијата?

https://www.facebook.com/LADbible/videos/3109762839070885/

Како се калеше машкоста!

Во сабота стартува Детската лига во бокс од Прилеп (ФОТО)

Оваа сабота во организација на БК АС – Прилеп ќе се одржи боксерски турнир за деца од 10 до 14 години насловен како „Ден на младите таленти во боксот“

Турнирот ќе се одржи во салата на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп сопочеток во 12 часот.

„По иницијатива на клубовите од Македонија одлучивме да организираме секоја последна недела од месецот по еден турнир во секој град. Целта ни е да створиме боксери и спортисти од најмладите. Со оваа активност и организации што ги планираме, нашите најмлади боксери во кадетска и во јуниорска конкуренција ќе го имаат основното искуство во рингот и многу полесно ќе постигнуваат резултати дома и на меѓународен план“, вели Дарко Чатлески, тренер на БК Ас.

Учесници во оваа лига ќе бидат Аперкат, Пинк Пантер, Шкупи, Шкендија, Ас, Бокс академијата Мумин. Можно и други клубови да се придружат на оваа  идеа.

Средбите ќе се одржуваат секој последен викенд во месецот и тоа во: февруари, март, април, мај, септември, октомври и ноември.

Неговиот клуб брои околу 15 младинци од 8 до 14 години и се надева дека ќе направи борци, прво во кадетска конкуренција да прават успеси, како што во 1997 година на Европското првенство во бокс во Битола Македонија освоив 3 медали: Фатон Салиху – златен, Дарко Чатлески и Денис Ѓорѓиоски – бронзени, а потоа во јуниорска и сениорска конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

Како Французинот ја ограби Вероника Костовска на ЕП! (ВИДЕО)

Зошто Вероника Костосвка не освои медал на Европското првенство во јунорска конкуренција во Софија, Бугарија?!

Затоа што главниот судија направи „виша математика“, инаку Французин, за нивната натпреварувачка. И на крајот, пак не ја биде!

Уште сега се гледаат тенденциите за Олимписките игри 2020 година кога каратето треба да дебатира на олимијадите, но тоа друга тема.

Погледенте ја снимката и пресудете сами, Карате федерацијата на Македонија треба да поднесе претставка за судењето на ЕП, без разлика што нема ништо да преземат.

Грабежот може да го погледнете на ова ВИДЕО.

 

 

Легендарен состав на Вардар за почеток Првата карате лига (ФОТО)

КК Вардар 1981 година на стартот на новоформиранта Прва лига

Една слика многу приказни, сеќавања, емоции и чувства. Така може да се каже за фотографијата на Карате клубот Вардар од Скопје од 1981 година кога клубот учествува во штотуку формираната Прва карате лига на Југославија.

Фотографијата е направена пред првите борби во салата на Работнички кога Вардар има две борби со клубови од Србија, притоа забележува победа и нерешен резултат.

Во составот на Вардар се: Раде Доневиќ, легендарниот Димче Кичевски – Словенец, Димче Савевски, Назим Куртовиќ, Живко Дракуловски, Жарко Костовски… Во 1982 година на оваа екипа се приклучува и Мирче Опеловски за борбите во Белград во квалификациите за влез во Првата лига, бидејќи претходната година Вардар испаѓа од Лигата.

 

А Раде Доневиќ во 1983/84 година за меч на Вардар во Марибор специјално доаѓал од Шведска, каде што работел.

Вардар и Работнички биле многу силни клубови во тоа време, противниците на Вардар по 3-то коло во Првата лига почнале да се плашат од скопксиот прволигаш.

Подоцна на составот на Вардар се приклучуваат и извинредните Стојче Ангеловски и Трајан Трајановски – Крцко и освоиле се што може да се освои, а во 1983 година се трети во Југославија.

Ipon.mk/В.Д.

IPON