Регионалната бокс лига промовирана и во Нови Сад, Будо спорт спонзор (ВИДЕО)

По Лозница, Скопје и Загреб во Нови Сад Регионалната бокс лига одржа прес-конференција, за која медиумите покажаа голем интере, а тоа е занк дека Лигата има силна поддршка од медиумите и на јавноста пред почетокот во март.

На презентацијата присуствуваа претставници од боречкиот клуб Лозница и Лазаревац од Србија, Сесвете од Хрватск, Славија од Бања Лука, Бијелина -Работник, Пинк Пантер од Македонија, Спартак Суботица, и боксерски клуб Војводина, како домаќин на состанокот.

На средбата говореше претседателот на Регионалната лига Јурица Рунтиќ, потпретседателот Илија Младеновски и другите членови на одборот Александар Рисимиќ, Миленко Томиќ, Душко Бјелини, Милан Козомара, Душан Пантелиќ и селекторот на српската репрезентација томислав Антељ, како и д-р Срѓан Вукмировиќ и Милорад Рељиќ.

Регионална боксерска лига ќе се натпреваруваат клубови од Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и Србија, а во наредната 2018 година можно е учество и на клубови од територијата на Црна Гора, Словенија и Унгарија.

Тоа беше последната средба на сите претставници на клубот пред почетокот на натпреварите на 4 март.

Компанијата Будо спорт рибар од Загреб ги претстави боксерски ракавици Топ тен кои клубовите ќе ги користат на  мечевите, ќе бидат спонзорство од оваа фирма.

Првото коло е закажано за 4 март кога ќе се сретнат БК Славија од Бања Лука и БК Сетсвете, БК Лазаревац и БК Работник и БК Пинк Пантер и BK Војводина Спартак. Во првиот круг е слободна екипата на Лозница.

Посебно внимание предизвика појавата на легендата Слободан Качар кој го поздрави овој здрав проект.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО