Home Blog Page 2556

Скот Кокер откри која борба на Федор на него ќе му биде битка од сништата

Сепак, Скот Кокер не усепа да го дочека деби настапот на својата најголема сегашна ѕвезда во промоцијата, Федор Емилијаненко, но веќе е во потрага по нови опции за да се организира уште една борба. Патем откри која борба на Федор би била битката на неговите сништа.

Кокер на својата листа има неколку опции за противници на Федор Емилијаненко, освен ако не одлучи повторно да ја организира средбата со Мет Митрион, кој минатата недела мораше да се откаже на самиот ден на борбата. Кога новинарите го прашаа кој дуел би бил тоа што тој би го нарекол борбата од соништата, даде интересен одговор.

Претседателот на Белатор рече дека тоа би можело да биде Кинг Мо Лоуел, инаку нему многу драг борец, кој максимално го промовираше додека раководеше со Страјкфорс промоцијата. Сепак, Кокер не сакаше да коментира дали работи догварање на таа борба и кога Федор би можел да се најде во нивниот кафез. Лоуел во својата кариера има скор од 20-6, а последната борба ја направи кон крајот на декември во Ризин, кога беше поразен Мирко Филиповиќ.

Во Прилеп се одржа првиот турнир на Детската лига во бокс (ФОТО)

Денеска во Прилеп се одржа првиот турнир од Детската лига во бокс на Македонија од 9-13 години.

26 боксери од повеќе клубови ги одмерија силите, а домаќин беше БК Ас од Прилеп, предводен од Дарко Чатлески.

Најмладите го покажаа она што го научиле на тренинзите, а сите борби се нерешни и нема да има прогласување на победници, туку важно е да имаат што повеќе мечеви и да бидат подготвени за повозрасните категории.

1.Бојан Миленковски (Ас) – Алиџан Демиров (Пинк Пантер)

2.Александар Панев (Пинк Пантер) – Камчевски (Ас)

3.Марко Ефермов (Аперкат) – Енес Алиу (Шкендија)

4.Џан Демиров (Пинк Пантер) – Баки Ајети (Шкупи)

5.Фесник Валсаху (Шкупи) – Белерим Мемети (Шкендија)

6.Петар Арсовски (Аперкат) – Астрит Весели (Шкендија)

7.Назим Ушкини (Шкупи) – Ерџан Рафитовски (Ас)

8.Андреј Станојоски (Ас) – Стојаче Ќорпашев(Пинк Пантер)

9.Дамјан Таманче (Ас) – Ибраим Алиу (Шкендија)

10.Кемал Фета (Шкендија) – Михаил Нанковски (Ас)

11.Лукас Османи (Аперкат) – Мартин Алексовски (Ас)

12.Омер Локи (Шкеднија) – Диме Ангеловски (Ас)

13.Леопард Лима (Шкендија) – Илче Малинковски (Ас)

Ipon.mk/В.Д.

Светски рекорд за Гинис на карате демонстрација во Дубаи (ВИДЕО)

Пред една недела во Дубаи се одржа карате демонстрација со која е поставен светски рекорд за Гинис.

Во поставувањето на светскиот рекорд учествуваа илјадници каратисти.

https://youtu.be/v71WUKeOI9Q

.

Стефаноски потпиша двегодишен договор со Тим Кобрас

ММА борецот Деја Стефаноски потпиша двогодишен договор на Тимот Кобрас од Греманија под менаџерсто на Бартислав Тасиќ.

Стефановски веќе имаше две борби за Кобрас, при што забележа победи, од кои едната со ТКО.

Да потсетиме дека за овој тим договори потпишаа и Дејан Трајковски и Иван Викиќ.

Ipon.mk

Вахитов со прекин ја одбрани титулата, Морошану славеше со нокаут во дебито за Глори (ВИДЕО

Артем Вахитов во третата борба го победи Сол Калавари и по втор пат ја одбрани титулата на Глори полутешка категорија.

Русинот против Бразилцот ја доби борбата со одлука на судиите на почетокот на минатата година, но во реваншот во Чикаго го нокаутираше во втората рунда. Калавари беше подобар во првиот судир.

Вахитов го соборуваше Кавалари со брилијантна комбинација на на висок удар и лево кроше. Бразилецот успеа да се дигне, но Вахиотов набрзо го принуди судијата да се прекине борбата.

Ариел Мачадо е победник на турнирот во полутешка категорија. Откако во дебито го изненадени Павел Журвалев, Бразилецот во вториот обид го освои турнирот на предизвикувачот. Прво во полуфиналето со одлука на судиите го елиминира Дани Илунга, за финалето да му се реваншира Зинедин Хамеур – Лено за пораз на претходниот турнир нокаутирајќи го со удар во првата рунда.

https://youtu.be/dP8E2vmthLw

https://youtu.be/1yMfUx2PYmw

Французинот Антоан Пинто во своето деби за Глори со  поделена одлука на судиите славеше против Американецот Ричард Абрахам.

https://youtu.be/dWeaF7onaf0

Во Суперфајт серијата од делот на програмата Бенјамин Адегбај со судиска одлука по екстра рунда го победи Андерсон Силва.

https://youtu.be/wnK875wupX8

Каталин Морошану во дебито со лево кроше во втората рунда го нокаутира Американецот Морис Грин.

https://youtu.be/889ZZMSI1xI

Пресметката на велтерашите Муртел Греонхарт со прекин во третата рунда го победи Тајланѓанецот Тонгчаи.

Глори 38 Чикаго:

Артем Вахитов – Сол Кавалари (ТКО, Р2)

Финале на турнирот во полутешка категорија:

Ариел Мачадо – Зинедин Хамеур – Лено (КО, Р1)

Антоан Пинто – Ричард Абрахам (поделена одлука на судиите)

Полуфинале предизвикувачи:

Ариел Мачадо – Дани илунга (со одлука на судиите)

Зинедин Хамеур – Лено – Брајан Колет (Ко, Р2)

ГЛОРИ 38 Суперфајт серија:

Бенјамин Адегбај – Андерсон Силва (со одлука на судиите по екстра рунда)

Каталин Морошану – Морис Грин (КО, Р2)

Муртел Гроенхарт – Тонгчаи Сицонпеенонг (ТКО, Р3)

Даниел Моралес – Павел Једерзејчик (едногласна одлука)

Никлас Ларсен – Лукаш Плавецски (едногласна одлука)

Белатор 173: Мек Гери славеше во Белфаст (ВИДЕО)

Лиам Мек Гери (12-1) по втор пат за една недела го промени противникот.

Откако Владимир Филиповиќ имаше проблеми со визата, неговото место во главната борба на Белатор во Белфаст само два дена пред борбата го зазеде Брет Мек Дермот (7-5).

Мек Дермот даде се од себе во борбата и го соборуваше Мек Гери, но на крајот Мек Гери стигна до победата на почетокот од втората рунда кога докторот ја прекина борбата заради исеченици на лицето на Мек Дермот.

По победата Лиам Мек Гери дозна дека на 19 мај во Лондон ќе се бори против сонародникот Линтон Васел (17-5). Победникот од оваа борба може да се бори со шампион во полутешка категорија со Фил Дејвис од кој Мек Гери го загуби појасот.

Соиграчот на Конор Мек Грегор, Џејмс Галагер (6-0) дојде до третата победа во Белатор нанесувајќи му го третиот последователен пораз на Кирил Медведовски.

Колин Флечер – Фрикшоу (13-8) изгуби со давење од позади од Французниот Алекса Лахоре.

Белартор 173:

Лиам Мек Гери – Брет Мек Дермот (ТКО, Р2)

Џејмс Галагер – Кирил Медевдовски (сабмишн, давење од позади, Р1)

Разафиарсон – Шинед Кавана (едногласна одлука на судиите, 30-27, 30-26, 30-25)

Алекс Лохоре – Колин Флечер (сабмишн, давење од позади, Р2)

https://youtu.be/MoU1M8ENOMY

https://youtu.be/Ueed-RC3UAY

https://youtu.be/npc4hmVZn2k

.

Каел Сонен тврди дека Ортиз го предал мечот усно

Поранешниот шампион во полутешката категорија на УФЦ, Тито Ортиз ја заврши кариерата со меч на Белатор 170, победувајќи го Каел Сонен.

Единствениот начин повторно да го видиме „Хантингтон бич бед бој“ во кафезот е ако му биде дадена можност да се пресмета со Федор Емилијаненко, како што рече самиот тој.

За време на средбата, сепак, имаше неколку контроверзни моменти, а се придодаде уште еден – Сонен изјави дека Тито се предал усно, кога беше приклешетен. Сепак, Ортиз успеа да се извлече и да го заклучи и победи Сонен.

„Видете, Тито се предаде во овој дуел. Знам точно кога се предаде. Го слушнав како вели ќе се предадам, и не реков ниту збор, ниту на Тито за време не пресконференцијата, ниту на вас. Не реков ништо, бидејќи кога ќе загубиш, едноставно го примаш поразот. Реално, предавањето не се брои, ако судијата не го објави, па може да се претпостави дека Тито не се предал. Но мислам дека тој се предаде и тогаш го ослободив од зафатот. Се предаде усно, а јас потоа не реков ништо, бидејќи и така ја прекине кариерата. Нема како да направиме реванш. Нема смисла да ја раскажувам вистинска приказна.

Тоа е лесна работа за мене. Можам да го победам за помалку од две минути. Ќе биде сосема поинаква битка. Чудно е како можам да го кажувам тоа, ако истиот тој ме победил. Но, вистината е дека тој беше поразен“.

Одговорот на Ортиз беше секавичен на социјалната мрежа Твитер, каде што го нарече Сонен „кучка“, а судијата на средбата, Џон МекАрти беше малку исцрпен:

„Каел можеби бил на друга фреквенција, за разлика од останатиот свет. Тито не рекол ништо“.

Боби Лашли сака двобој со Федор Емилијаненко во Белатор

Откако мечот меѓу Мет Митрион и Федор Емилијаненко во Белатор пропадна, се појавија поприлично борци кои сакаат да се борат со легендарниот Русин. Еден од нив е и борачот и MMA борец во тешка категорија, Боби Лашли.

„Мислам дека многу борци од тешка категорија сакаат да добијат можноста да се сретнат со Федор Емилијаненко пред тој да се повлече. На тоа се надевам и јас“.

Последната изјава од Белатор беше дека се со намера да закажат нов датум за дуел со Митрион, но Лашли нема проблем и да почека.

„Го почитувам Митрион, тој е неверојатна личност. Сакам да се борам со Федор, но знам дека имаат незавршена работа со Митрион, затоа ја оставам оваа можност за него. Се надевам дека по дуелот со него ќе се направи шанса и за мене“.

Тупурковски и Богоевски го посетија кампот за деца и кадети на ФБСМ (ФОТО)

Вториот камп за пионери и кадети на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) со кој се опфатени 40-тина борачи од сите клубови во Македонија го посетија претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и Владимир Богоевски, директор на МОК.

Кампот кој завршува денеска е поддржан од МОК, а претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези и тренерите Седат Бафтиу, Виктор Богданов, Суфијан Исмаили, Давор Тасев, Гордан Николов, Лулзим Вренези и Страшо Глигоров ги запознаа гостите со работата и целите на вториот собир на младите борачи за кратко време.

Сите учесници на кампот добија маички од МОК.

Целта на кампот е дружење, спортување, социјаизација и едукација, со техничко-тактичко увежбување на дадени ситуации, пропратен со фитнес тренинзи, како и вежби за подобрување на психомоториката.

Ipon.mk/В.Д.

Ристо Димитров прогласен за најспортист на „Најуспешни битолчани 2016“ (ФОТО)

Ристо Димитров – Чуринот синоќа беше прогласен за најуспешен битолчанец во областа на спортот на традиционалната манифестација „Најуспешни битолчани 2016“ во организација на Битолски весник.

Комисијата неговиот избор имаше со што да образложи. Димитров е државен првак во комбат самбо до 68 кг, трето место во спорт самбо на Државното првенство во самбо, бронзен медал на Европското првенство во кураш во Грција, прво место на Интернационалниот турнир во Беране во спорт самбо, комбат самбо и грапплинг и европски професионален шампион на ИСФА во категоријата до 66кг, титула што ја освои токму во Битола протиов Црногорецот Амел Шабановиќ.

Ова е добра сатисфакција и мотивација пред ФФЦ настанот „Грција против остатокот од светот“ на 28 издание на ФФЦ во Атина на 11 март, каде што се среќава со светската кик бокс ѕвезда Робин ван Росмален (1-0 ММА) од Холандија кој почнува да гради и ММА кариера. Тие ќе се борат во категоријата до 66 килограми.

Ipon.mk/В.Д.

IPON