Боби Лашли сака двобој со Федор Емилијаненко во Белатор

Откако мечот меѓу Мет Митрион и Федор Емилијаненко во Белатор пропадна, се појавија поприлично борци кои сакаат да се борат со легендарниот Русин. Еден од нив е и борачот и MMA борец во тешка категорија, Боби Лашли.

„Мислам дека многу борци од тешка категорија сакаат да добијат можноста да се сретнат со Федор Емилијаненко пред тој да се повлече. На тоа се надевам и јас“.

Последната изјава од Белатор беше дека се со намера да закажат нов датум за дуел со Митрион, но Лашли нема проблем и да почека.

„Го почитувам Митрион, тој е неверојатна личност. Сакам да се борам со Федор, но знам дека имаат незавршена работа со Митрион, затоа ја оставам оваа можност за него. Се надевам дека по дуелот со него ќе се направи шанса и за мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО