Скот Кокер откри која борба на Федор на него ќе му биде битка од сништата

Сепак, Скот Кокер не усепа да го дочека деби настапот на својата најголема сегашна ѕвезда во промоцијата, Федор Емилијаненко, но веќе е во потрага по нови опции за да се организира уште една борба. Патем откри која борба на Федор би била битката на неговите сништа.

Кокер на својата листа има неколку опции за противници на Федор Емилијаненко, освен ако не одлучи повторно да ја организира средбата со Мет Митрион, кој минатата недела мораше да се откаже на самиот ден на борбата. Кога новинарите го прашаа кој дуел би бил тоа што тој би го нарекол борбата од соништата, даде интересен одговор.

Претседателот на Белатор рече дека тоа би можело да биде Кинг Мо Лоуел, инаку нему многу драг борец, кој максимално го промовираше додека раководеше со Страјкфорс промоцијата. Сепак, Кокер не сакаше да коментира дали работи догварање на таа борба и кога Федор би можел да се најде во нивниот кафез. Лоуел во својата кариера има скор од 20-6, а последната борба ја направи кон крајот на декември во Ризин, кога беше поразен Мирко Филиповиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО