Home Blog Page 2555

Матеј Батиниќ доживеа тежок накоаут на Ахмат фајт шоу, кој можеше да биде кобен за него (ВИДЕО)

Хрватскиот ММА борец, Матеј Батиниќ,(15-4) не само што загуби од Максим Гришин (24-7) во Москва на Ахмат фајт шоу, туку доживеа тежок нокаут во 3-тата рунда во главната борба, по кој животот му беше во опасност.

Гришин доминираше во текот на целиот меч, а Батиниќ се обиде да се одржи колку толку во рингот, но ударот со левата нога во главата беше пресуден.

Ова за Хрватат кој се бори во полутешка категорија беше четврт пораз во кариерата.

Погледнете го видеото:

https://youtu.be/b1nwcMXyz-s

.

Дана Вајт: Конор ќе ја брани титулата со победникот од средбата Хабиб и Фергусон

Ако некој знае како стојат работите во боречките спортови, особено околу средбата која се очекува со голем интерес, боксерската битка меѓу Конор Мек Грегор и Флојд Мејведер, тоа е претседателот на УФЦ, Дана Вајт. Иако има подготвеност и на двајцата борци да се сретнат во рингот, Вајт е категоричен дека таква битка нема да има.

„Не знам точно до каде сме во преговорите – до никаде не сме. Ништо не се случува“, рече Вајт во врска со евентуалниот дуел.

Па, ако Конор не се сретне со Мејведер, што е следното за Ирецот? Одговорот на Вајт е секавичен.

„Очекувам следниот меч на Конор да биде во УФЦ според правилата на ММА, против победникот меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон“.

Вајт ја разбира желбата да се сретне со Мејведер, бидејќи на тој начин ќе заработи меѓу 30 и 60 милиони долари, но верува дека повикот му е да ја одбрани титулата во лесната категорија, која ја освои во ноември минатата година.

И покрај увереноста со која зборува Вајт за сè, повеќе пати сме го фаќале во лагите, а и неговата мајка, исто така, поради тоа, кренала раце од него.

Во меѓувреме Хабиб Нурмагомедов и Тони Ферхусон ќе се сретнат на 4 март во Лас Вегас.

Мејведер го пофали Конор: Тој има сила и волја

Галсините за двобојот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор секојдневно се пристутни во печатот во целиот свет. Истото важи и за нивните вербални пресметки, кои постојано си ги разменуваат.

Меѓутоа, денес Мејведер излезе со изјава со која ја пофали умешноста на Ирецот.

„Секој пат кога Конор Мек Грегор ќе излезе, се бори и победува, тоа го прави во стоечка позиција. Кога Конор Мек Грегор загуби, тоа се случи на партер. Не изгубил меч во стоење. Тој е страшен борец и многу, многу тврд противник кој има волја за победа“.

А во врска со силата на Ирецот, Мејведер верува дека таа ќе се пренесе од октагонот во боксерскиот ринг.

„Ракавиците на УФЦ не се многу поразлични од оние во боксот. Малку помали се, но ако имаш доволно голема сила, таа останува. А Конор Мек Грегор ја има силата“.

На крајот на интервјуто Мејведер дополнително го разгори огнот, искажувајќи целосна подготвеност за борбата.

„Ајде да го направиме овој дуел. Ајде да им го дадеме на навивачите она што сакаат да го видат. Постои само еден меч кој е толку важен и тоа е Мејведер против Мек Грегор“.

Иако има подготвеност и од двете страни, претседателот на УФЦ, Дана Вајт категорично изјави дека бокс меч нема да има и Ноториус ќе ја брани титулата против победникот од средбата Хабиб и Фергусон.

Мани Пакијао – Амир Хан на 23 април

Мани Пакијао (Филипини) и Амир Хан (Англија) најверојатно ќе се сретнат на 22 април. Ова го објави промотор на Филипинецот, Боб Арум. Мечот ќе биде за титулата на Светската боксерска организација (ВБО) во полусредна категорија.

„Преговорите меѓу тимот на Пакијао и тимот на Кан беа завршени за 23 април. Тоа е она што го сакаат навивачите“, напиша Пакијао на Твитер.

Претходно овој месец, промоторот на Пакијао Боб Арум соопшти дека е постигнат договор за да се бори со Џеф Хорн истиот датум во Бризбејн.

Една недела подоцна „Пек-мен“ изјави дека неговата следна борба нема да му биде во Австралија, туку во Абу Даби или Дубаи, а, најверојатно, противник ќе му биде Амир Кан.

Арум за ЕСПН изјави дека инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати нудат 38 милиони за организација на мечот Пакијао-Кан.

Пакијао (59-6-2, 38 КО) се врати во рингот во ноември минатата година, по краткото пензионирање, победувајќи го Џеси Варгас за појасот на ВБО во велтер категорија. Кан (31-4, 19 КО) не се борел од мај минатата година, кога во Вегас тешко го нокаутираше Канело Алварез.

Првично Пакијао требаше да се бори со Џеф Хорн, но Филипинецот побарал да се сретне со својот поранешен спаринг партнер.

Хеј и Белју за малку не се степаа во ТВ студиото

Британските боксери Дејвид Хеј и Тони Белју за малку не отидоа во крајност во обидот да што е најдобро можно да промовираат претстојниот дуел на 4 април во Лондон.

Залог на средбата е шампионскиот појас во полутешка категорија во професионалниот бокс, но влогот и за двајцата е поголем, бидејќи Хеј изрази подготвеност да се бори за светската титула во најтешката катеогирја против Ентони Џошуа или Владимир Кличко.

Исто така, интересот за нивниот меч е огромен, а „Скај спортс“ ги покани двајцата ривали во емисијата „Без ракавици“, за да ја загрее публиката за натпреварот.

Надвор од предбидените сценарија, Хеј и Белју за малку не се степале во студиото, а ги раздвојувал телевизискиот тим.

Дејвид Хеј се закани дека противникот ќе го испрати во болница, додека Белју изјави дека боксот го семта за професија и бизнис, а неговата цел не е да му нанесува тешки телесни повреди на кој и да е противник.

.

Дионтеј Вајлдер со нокаут ја одбрани титулата (ВИДЕО)

Дионтеј Вајлдер (38-0, 37 КО) по четврти пат се бореше во родната Алабама како ВБЦ шампион на светот.

31-годишниот Американец во петата доброволно одбрана на титулата го нокаутира претходно непоразениот Џералд Вашингтон (18-1-1, 12 КО).

Вајлдер во средината на петата рунда со десницата го погоди, а со левата го собори Вашингтон. Кога се крена насрна со канонадаод уадри и судијата го прекина мечот, додека Вашингтон се уште беше на нозе. Ова му беше 37 победа со прекин во 38 борба во кариерата без пораз.

.

К-1: Ел Буни со нокаут дебитираше во тешка категорија (ВИДЕО)

Ибрахим Ел Буни се бореше во суперборба на К-1 Гранд при во лесна категорија во Токио.

Мароканецот во Јапонија дебитира како тешкаш и со кроше во средината на втората рунда го нокаутира Макото Уехара.

https://youtu.be/b5id8hI8zT4

.

Резарта Алими со златен медал и во Требиње (ФОТО)

На Меморијалниот турнир „Милош Мрдиќ“ во Требиње, Босна и Херцеговина, Резарта Алими во категоријата до 52 килограми го освои златниот медал во конкуренција на млади пионери.

На турнирот учествуваа 450 џудисти од 9 земји.

Да посетиме дека младата џудистка минатиот викенд исто така освои златен медал во кадетска конкуренција на Гран при турнирот во Банска Бистрица во Словачка.

Инaку Алими е интересна за македонската јавност затоа што има македонски пасош.

Според информации блиски до џудистаката, Резарта има размислува да настапува и за репрезентацијата на Македонија. И, сето ова не е случајно, затоа што таа е скопјанка, а нејзините родители живеат во Приштина, кои исто така са македонски државјани.

Ipon.mk/В.Д.

Сесилија Браекхус уште еднаш ги одбрани титулите (ВИДЕО)

Најдобрата боксерка на светот, Сесилија Браекхус (30-0, 8 КО) уште еднаш ги одбрани ВБА, ВБЦ, ВБО, ИБФ и ИБО во шампионските титули во велтер категорија.

35-годишната Норвежанка во Осло доминантно ја победи 29-годишната Швеѓанка, Клара Свенсон (17-2, 5 КО) и стигна до 30-та победа во кариерата.

Еден судија на Браекхус и даде победа во сите рунди 100-90, додека другите двајца го бодуваа мечот со 99-91 за „Првата дама“.

Свенсон во септември минатата година во борбата за привремената титула на поени ја победи Микаела Лорен која во претходната борба со TKO ја порази на Ивана Хабазин.

https://youtu.be/EKDx-2vEMo0

.

Раиф Камбери поразен на „Петко Сираков“ во Варна

На Меѓународниот во борење слободен стил „Петко Сираков“ во Варна, Бугарија, нашиот прв претставник Раиф Камбери (-65 кг) во У-23 забележа два порази.

Прво во четвртфиналето се сретна со домашниот борач Максим Иванов, со кого прилично добро се бореше до втората рунда, но загуби. Потоа се сретна Такасиро Мицунага од кого претрпе пораз.

На 20-тото издание на турнирот учествуваат 200 борачи од 20 држави, како: Русија, Грузија, Романија, Јапонија, Шпанија, Косово, САД, Словачка, Македонија, Бугарија, Унгарија, Хрватска, Узбекистан и други.

Ipon.mk/В.Д.

IPON