Home Blog Page 2554

Бериќетен настап на Астибо на Иппон купот во Лесковац (ВИДЕО)

На Меѓународниот турнир „Иппон куп 2017“ во Лесковац, Србија, КК Астибо освои 18 медали во поединечна конкуренција и 6 во екипна конкуренција и признание за најдобра женска екипа во кати.

Во поединечна конкуренција од 18 медали – 6 златни, 5 сребрени и 7 бронзени медали, а во екипна се 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени.

Кати поединечно: Леона Митева – бронза, Анастасија Петрушева – бронза, Ана Марија Гошева – бронза, Кристина Спасовска – злато, Барбара Богатинова – бронза, Сара Сарафимова – злато, Давид Николов – злато, Давид Петров – сребро и Тамара Ристовска – сребро.

Кати екипно женски 2004 /05 година: Кристина Спасовска, Анастасија Петрушева и Леона Митева – злато, екипа кати 2008 и помали Тамара Ристовска, Сара Сарафимова и Барбара Богатинова – бронза.

Кати екипно машки 2008 и помали Давид Николов, Давид Петров и Дарко Коцев .

Борби поединечно: Бојан Иванов – сребро ,Наум Јованов – злато, Леона Митева – сребро, Анастасија Петрушева – бронза, Кристина Зафирова – бронза, Ана Марија Госхева – злато, Кристина Спасовска – злато, Ангела Ристова – сребро .

Борби екипно женски, екипа Астибо: Кристина Спасовска, Анастасија Петрушева, Леона Митева и Ана Марија Гошева – сребро и екипа Астибо 1: Антонела Митева, Кристина Зафирова, Ангела Ристова и Сара Сарафимова – бронза. Пионери 2006/07 Матеј Ивановски, Христијан Госхев, Давид Петров и Мартин Наков – бронза.

Борби екипно јуниори: Бојан Иванов и Наум Јованов – сребро .

Ipon.mk/В.Д.

Габриел Сапта чест гостин на ЏК Работнички (ФОТО)

Џудо мајсторот Габриел Сапта кој е ангажиран од Македонскиот олмписки комитет и Џудо федерацијата на Македонија за подобрување на кавлитетот на џудо спортот во Македонија ги посетува клубовите и ја проценува состојбата на квалитетот.

По два пати во неделата е во ЏК Работнички каде што доаѓаат џудисти и од другите скопски клубови, како Ипон и Миоки. Засега се работи на подигање на кондицијата и силата.

„Сапта се уште ги селектира натпреварувачите во нашите клубови од пионери до сениори, а потоа со избраните ќе работи почесто. Тој ги презнтира и новите правила според ИОК, а работиме и техники на напад. Габриел се труди да ја подобри работата со раце кока е слабост на џудо спортот во Македонија, бидејќи кај нас претежно се работи со нога“, вели првиот човек на Работнички, Ердал Факиќ.

Според него, Сапта активно работи на селектирање на натпреварувачите за Европското и Светското првенство.

Ipon.mk/В.Д.

3 златни и 3 бронзени медали за Куштрими на Иппон купот во Лесковац

Каратистите на Куштрими од Скопје се претсавија во одлично издани на Иппон купот во Лесковац, Србија, освојуваќи шест медали – 3 златни и 3 бронзени.

Паштрик Авдиу освои два златни медали за деца родени 2007 година во кати 1-ниво и во кумите (-30 кг), Емир Рамадани (2006 г., ката 1-ниво и кумите -35 кг), се закити со две бронзи, а Медин Дема освои залтен медал (2003 г., ката, 4-ниво) и бронзен во кати 5-ниво.

Екипата на Куштрими настапи со 7 пријави, а екипно се поразени во меч за 3 место во конкуренцијана 9 екипи.

Ipon.mk/В.Д.

Седум медали за КК Кочани два за Љубомир Давитков на Иппон купот во Лесковац

Карате клубот Кочани освои седум медали со шест натпреварувачи на Меѓународниот турнир „Иппон куп“ во Лесковац, Србија.

Љубомир Давитков  е носител на два медали, бидејќи настапи во две категории во борби.

Златни медали освоија:

Наталија Карова -36 кг, Ана Марија Минова + 54 кг, Иван Јанкулов -63 кг и Љубомир Давитков -70 кг.

Сребрен медал за Љубомир Давитков – 63 кг.

Бронзени медали: Верица Карова и Натали Веселиновски (го поделија 3-тото место) + 44 кг.

Ipon.mk/В.Д.

Урош Јуришиќ го нокаутира Васо Бакочевиќ (ВИДЕО)

Васо Бакочевиќ (25-15-1) се бореше против Урош Јуришиќ (5-0) во главната борба на настанот Оаза Фајт најт ЦФЦ 3 во Љубљана.

Борбата се одржа на тежина од 80 килограми.

Словенецот до петата победа во кариерата стигна со граунд енд паунд во првата рунда.

.

Мечот Паркер – Фјури одложен за 6 мај

Промотерската компанија Дуко ивентс, ги застапува интересите на шампионот на ВБО, Џозеф Паркер, објави дека борбата на Новозеланѓанецот против Хју Фјури се одлага за 6 мај.

Тие требаше да се сретнат на 1 април, но Фјури долго време не потпишува договори и организаторите нема да успеат да се подготват за почетниот датум.

На тендерот Дуко кој ја менаџира кариерата на Паркер во соработка со компанијата Топ ранк, предложи 3.011.000 долари, а британскиот промотор Френк Ворен објави дека е подготвен да даде 2,8 милиони долари.

Паркер ќе земе 60 отсто од износот или 1,8 милиони евра, а хонорарот за учеството на Фјури изнесува над 40 проценти или 1,2 милиони долари.

Таткото на Хабиб сака тој да се повлече по две години

Неколку дена пред мечот на Хабиб Нурмагомедов со Тони Фергусон на УФЦ 209, на кој ќе се борат за привремената титула во лесна категорија, таткото на рускиот борец сподели интересни мислење за неговата иднина.

Абудлманап Нурмагомедов изјави дека би сакал неговиот син да ја прекине својата ММА кариера на две години, иако и „Орелот’ има само 28 години.

„Не сакам да ги налутам навивачите, но јас би сакал Хабиб да ја прекине кариерата кога ќе наполни 30 години. Никогаш порано не сум го споделувал мислењето, ниту сум го кажувал на некого. Но се плашам дека на него не му останува повеќе од година ипол“.

Според Адбулманап, Хабиб мора да размисли како да го зачува здравјето.

„Сакам да биде здрав и мислечки човек. Сакам да работи на развојот на други борци. Во толку голем спорт, кариерата меѓу 24 и 30 години е доволна“.

Тешко е да се претпостави дека на сегашната возраст Хабиб го дели мислењето на својот татко.

Сепак, сигурно во моментов тој мисли само за дуелот со „El Cucuy“, кој може да му гарантира дуел со шампионот во категоријата Конор Мек Грегор.

Мек Грегор не потсети колку е богат (ВИДЕО)

Шампионот на УФЦ во лесна категорија, Конор Мек Грегор, навистина е богат човек, кој не е свсен дека ги троши парите заработени со многу труд и напор.

Ирецот не се мачи да потсетува и на сите други да и кажува дека има многу долари.

Доказ за тоа е последната епизода на неговата видео серија „The Mac Life“, во кој Конор лета со личниот авион и вози автомобил, за чија цена не сакаме и да помислиме.

А кога одлучи дека е време за шопинг, Мек Грегор влезе во една од најскапите продавници на Лас Вегас.

Видете го новото видео од „The Mac Life“:

Вајлдер: Чувствувам дека мојата сила ќе убие некого

Дионтеј Вајлдер повторно ја одбрани светската титула откако со нокаут го победи предизвикувачот Џералд Вашингтон во родната држава Алабама.

По дуелот „Брозениот бомбардер“ изјави дека е загрижен дали неговата сила нема да убие некој човек во иднина.

Според американскиот боксер, неговата моќ станува поголема со секој изминат дуел.

„Сакам да ги обединам титулите во тешка категорија, да ги одбранам неколку пати и потоа да исчезнам. Чувствувам дека во даден момент ќе повредам некого толку сериозно што тоа ќе биде крај за него. Ова не е шега. Навистина се чувствувам силно. Колку станувам поискусен, толку и поопасно се чувствувам“.

За 31-годишниот Вајлдер тоа беше првото враќање на рингот по седум месеци, кога во јули го нокаутира Крис Ареола. Шампионот беше подложен на операција на раката која го извади за некое време од акција.

Јошитака втора во генерален пласман на Иппон купот во Лесковац, прва во кати

 

ШКК Јошитака е втор во генералниот пласман на Ипон купот во Лесковац, Србија, на кој настапија 40 клуба од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија, со 750 натпреварувачи во кати и борби – поединечно и екипно.

Јошитака е најуспешен во делот на катите со освоени 12 златни, 13 сребрени и 15 бронзени медали. На ова се додава сребрениот медал на Миа Димитрова во борби, со што Јошитака беше втор во генералениот пласман по бугарскиот тим од Софија, а пред Партизан од Кочани.

Воедно, Јошитака имаше и најмасовен настап на турнирот Иппон куп 2017 во организација на истоимениот клуб од Лесковац.

„Во 2017 година ова беше првиот меѓународен турнир за нашиот клуб, на кој настапи со 70 отсто подмладена екипа, а добар дел децата настапија за прв пат. Мора да сме задоволни од ваквиот резултат на денешниот натпревар во пресрет на другите домашни и меѓународни натпревари. Повторната средба со старите пријатели од сите земји учеснички е големо задоволство за сите нас и до повторната средба и натпреварување продолжуваме со напорната работа во градењето на нови млади шамиони и, пред се, успешни спортисти и луѓе“, вели тренерот Живко Тасевски!

 

Ipon.mk/В.Д.

IPON