Јошитака втора во генерален пласман на Иппон купот во Лесковац, прва во кати

 

ШКК Јошитака е втор во генералниот пласман на Ипон купот во Лесковац, Србија, на кој настапија 40 клуба од Македонија, Црна Гора, Бугарија и Србија, со 750 натпреварувачи во кати и борби – поединечно и екипно.

Јошитака е најуспешен во делот на катите со освоени 12 златни, 13 сребрени и 15 бронзени медали. На ова се додава сребрениот медал на Миа Димитрова во борби, со што Јошитака беше втор во генералениот пласман по бугарскиот тим од Софија, а пред Партизан од Кочани.

Воедно, Јошитака имаше и најмасовен настап на турнирот Иппон куп 2017 во организација на истоимениот клуб од Лесковац.

„Во 2017 година ова беше првиот меѓународен турнир за нашиот клуб, на кој настапи со 70 отсто подмладена екипа, а добар дел децата настапија за прв пат. Мора да сме задоволни од ваквиот резултат на денешниот натпревар во пресрет на другите домашни и меѓународни натпревари. Повторната средба со старите пријатели од сите земји учеснички е големо задоволство за сите нас и до повторната средба и натпреварување продолжуваме со напорната работа во градењето на нови млади шамиони и, пред се, успешни спортисти и луѓе“, вели тренерот Живко Тасевски!

 

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО