Мечот Паркер – Фјури одложен за 6 мај

Промотерската компанија Дуко ивентс, ги застапува интересите на шампионот на ВБО, Џозеф Паркер, објави дека борбата на Новозеланѓанецот против Хју Фјури се одлага за 6 мај.

Тие требаше да се сретнат на 1 април, но Фјури долго време не потпишува договори и организаторите нема да успеат да се подготват за почетниот датум.

На тендерот Дуко кој ја менаџира кариерата на Паркер во соработка со компанијата Топ ранк, предложи 3.011.000 долари, а британскиот промотор Френк Ворен објави дека е подготвен да даде 2,8 милиони долари.

Паркер ќе земе 60 отсто од износот или 1,8 милиони евра, а хонорарот за учеството на Фјури изнесува над 40 проценти или 1,2 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО