Таткото на Хабиб сака тој да се повлече по две години

Неколку дена пред мечот на Хабиб Нурмагомедов со Тони Фергусон на УФЦ 209, на кој ќе се борат за привремената титула во лесна категорија, таткото на рускиот борец сподели интересни мислење за неговата иднина.

Абудлманап Нурмагомедов изјави дека би сакал неговиот син да ја прекине својата ММА кариера на две години, иако и „Орелот’ има само 28 години.

„Не сакам да ги налутам навивачите, но јас би сакал Хабиб да ја прекине кариерата кога ќе наполни 30 години. Никогаш порано не сум го споделувал мислењето, ниту сум го кажувал на некого. Но се плашам дека на него не му останува повеќе од година ипол“.

Според Адбулманап, Хабиб мора да размисли како да го зачува здравјето.

„Сакам да биде здрав и мислечки човек. Сакам да работи на развојот на други борци. Во толку голем спорт, кариерата меѓу 24 и 30 години е доволна“.

Тешко е да се претпостави дека на сегашната возраст Хабиб го дели мислењето на својот татко.

Сепак, сигурно во моментов тој мисли само за дуелот со „El Cucuy“, кој може да му гарантира дуел со шампионот во категоријата Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО