Мејведер го пофали Конор: Тој има сила и волја

Галсините за двобојот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор секојдневно се пристутни во печатот во целиот свет. Истото важи и за нивните вербални пресметки, кои постојано си ги разменуваат.

Меѓутоа, денес Мејведер излезе со изјава со која ја пофали умешноста на Ирецот.

„Секој пат кога Конор Мек Грегор ќе излезе, се бори и победува, тоа го прави во стоечка позиција. Кога Конор Мек Грегор загуби, тоа се случи на партер. Не изгубил меч во стоење. Тој е страшен борец и многу, многу тврд противник кој има волја за победа“.

А во врска со силата на Ирецот, Мејведер верува дека таа ќе се пренесе од октагонот во боксерскиот ринг.

„Ракавиците на УФЦ не се многу поразлични од оние во боксот. Малку помали се, но ако имаш доволно голема сила, таа останува. А Конор Мек Грегор ја има силата“.

На крајот на интервјуто Мејведер дополнително го разгори огнот, искажувајќи целосна подготвеност за борбата.

„Ајде да го направиме овој дуел. Ајде да им го дадеме на навивачите она што сакаат да го видат. Постои само еден меч кој е толку важен и тоа е Мејведер против Мек Грегор“.

Иако има подготвеност и од двете страни, претседателот на УФЦ, Дана Вајт категорично изјави дека бокс меч нема да има и Ноториус ќе ја брани титулата против победникот од средбата Хабиб и Фергусон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО