Во сабота стартува Детската лига во бокс од Прилеп (ФОТО)

Оваа сабота во организација на БК АС – Прилеп ќе се одржи боксерски турнир за деца од 10 до 14 години насловен како „Ден на младите таленти во боксот“

Турнирот ќе се одржи во салата на СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп сопочеток во 12 часот.

„По иницијатива на клубовите од Македонија одлучивме да организираме секоја последна недела од месецот по еден турнир во секој град. Целта ни е да створиме боксери и спортисти од најмладите. Со оваа активност и организации што ги планираме, нашите најмлади боксери во кадетска и во јуниорска конкуренција ќе го имаат основното искуство во рингот и многу полесно ќе постигнуваат резултати дома и на меѓународен план“, вели Дарко Чатлески, тренер на БК Ас.

Учесници во оваа лига ќе бидат Аперкат, Пинк Пантер, Шкупи, Шкендија, Ас, Бокс академијата Мумин. Можно и други клубови да се придружат на оваа  идеа.

Средбите ќе се одржуваат секој последен викенд во месецот и тоа во: февруари, март, април, мај, септември, октомври и ноември.

Неговиот клуб брои околу 15 младинци од 8 до 14 години и се надева дека ќе направи борци, прво во кадетска конкуренција да прават успеси, како што во 1997 година на Европското првенство во бокс во Битола Македонија освоив 3 медали: Фатон Салиху – златен, Дарко Чатлески и Денис Ѓорѓиоски – бронзени, а потоа во јуниорска и сениорска конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО