Кличко: Никогаш нема да седнам на каучот и да пијам пиво

Украинската боксерска легенда Владимир Кличко, кој на 29 април на „Вембли“ во Лондон ќе се сретне со светскиот шампион на ИБФ, Ентони Џошуа, вели дека веќе има јасен план за претстојниот меч.

„Можам да ветам дека ќе го нап ова или она. Но традиционалните ветувања не значат ништо. Само фактите – тоа е најважното нешто. Сите ќе видат се на 29 април. Да претпоставиме дека сум ја напишал прогнозата, но пликот ќе биде отворен на 29 април“, рече Кличко за „Дејли меил“.

Како што истакна Украинецот, тој и Џошуа многу си слични.

„Ентони и јас имаме многу заедничко. И двајцата сме олимписки шампиони, кои станаа светски шампиони како професионалци. И двајцата сме силни и умни, учтиви и со почит. И двајцата победуваме на професионалниот ринг. Кој е подобар? На страната на Џошуа е младоста. на мојата – искуството. Возраста е релативен концепт. Тоа е само еден број. никогаш нема да седнам на каучот и да пијам пиво. Такво нешто никогаш нема да се случи. Колку сум подготвен да си ја завршам добро работата во рингот на 29 април? Сите ќе го разберат тоа“, изјави Украинецот, кој беше совладан од Британецот Тајсон Фјури на 28 ноември 2015 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО