Татко му на Флојд се изнасмеаја на боксерските умешности на Мек Грегор (ВИДЕО)

Таткото на Флојд Мејведер – Флојд Мејведер Ср., не е импресиониран од боксерски вештини на Конор Мек Грегор.

Мејведер, кој е поранешен боксер и успешен тренер, се наведна над смартфонот на новинарот кој го интервјуирал, и го погледна бокс спарингот на Мек Грегор.

Најблаго речено, Мејведер Ср. не беше кој знае колку позитивно настроен од она што го виде.

„Неговите боксерски вештини се ништо. Јас самиот би го зачукал. Воопшто не сум импресиониран. Ако мојот син одлучи дека не му е интересно, јас самиот ќе излезам на рингот со него. Ќе го направам тоа. И ќе му го наплескам задникот, ви го гарантирам тоа“.

„Ако е тоа начинот на кој боксира, ќе му го сртима задникот. Не може да ме победи со она што го гледам тука. А јас сум веќе на 63 години“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО