Откажан уште еден меч на настанот Џошуа-Пулев поради Ковид-19

Средбата меѓу Рамала Али и Ванеса Кабајеро, кој беше дел од боксерската гала вечер, чиј главен меч е борбата за светските титули во тешка категорија меѓу Кубрат Пулев и Ентони Џошуа, нема да се одржи.

Причината за неодржувањето е таа што британскиот спортист со сомалиски корени Рамал Али е позитивен на коронавирусот.

„Почнав да имам симптоми минатиот вторник и веднаш се изолирав, како мерка на претпазливост. Не сакав да ја завршам годината на овој начин, но тоа е реалноста. Сега ќе се концентрирам на мојата подготовка за 2021 година“, рече спортистот.

Потсетуваме, пропадна и коглавната средба меѓу Кшиштоф Гловацки (31-2) и на досега непоразените во професионалниот ринг – Лоренс Околие (14-0). Мечот беше за светската титула во полутешка категорија на ВБО. Причината повторно беше позитивен тест на Ковид -19 од страна на полскиот боксер. Организаторите сè уште се надеваат дека ќе најдат противник за Околие.

Денеска официјално соопштија дека Кубрат Пулев има негативен тест на коронавирусот, така отпадна уште една пречка за средбата со Џошуа и овој пат да не стане реалност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО