Сехудо му се обрати на Вајт со видео: Види што ќе им направам на твоите шампиони!

Поранешниот шампион на УФЦ, Хенри Сехудо објави на Твитер видео порака до Дана Вајт во која се заканува на некои од шампионите на организацијата.

Сехудо ја заврши кариерата во мај, откако го победи Доминик Круз со ТКО на УФЦ 249. Со месеци по неговото повлекување, тој ги „тероризираше“ шампионите во мува, перо и перолесна категорија на социјалните мрежи, скоро секој ден.

Еве едно смешно видео објавено од Сехудо, а упатено на Дана Вајт:

„Дана Вајт, еве што ќе правам со твоите шампиони „под наем“ во категориите 57 и 61, а особено со тоа џуџе Алекс Волкановски“

Сехудо беше на врвот на својата кариера кога реши да се повлече. На 33-годишна возраст. Сè уште може да биде конкурентен во УФЦ, ако одлучи да се врати во 2021 година. Доколку се реши да се испроба во перо категорија и го победи Александар Волкановски, тој ќе освои титула во различна трета категорија во организацијата.

Брајан Ортега во моментов е предизвикувач број еден во категоријата до 66 кг, но се уште нема закажан меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО