Тони Фергусон: Треба да имате големи мадиња, за да го направите тоа што го правам јас

Поранешниот шампион во лесна категорија Тони Фергусон викендов се враќа во кафезот. Ќе се сретне со многу опасниот Чарлс Оливеира во главната борба на УФЦ 256 во Лас Вегас.

Оваа година дефинитивно беше тешка за Ел Кукуј, кој првично очекуваше борба со Хабиб Нурмагомедов, но тој се повлече.

Еден месец подоцна Фергусон ја заложи серијата од 12 победи во борба со Џастин Гејџи. За негова несреќа, Гејџи го победи со нокаут во 5-тата рунда. Тони претрпе голема штета во оваа битка и многумина веруваат дека неговото време поминало.

36-годишниот ветеран ќе мора да ги замолчи критичарите со победа над Оливеира кој е во серија од 7 последователни победи. На социјалните мрежи, Тони се пофали дека го поддржуваат неговите спонзори, затоа што знаат дека требаат големи мадиња, за да се бориш во октагонот.

„Моите спонзори од „Педал командер“ разбираат колку големи мадиња треба да имаш, за да го направиш она што го правам јас во октагонот“, напиша Фрегусон.


 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО