Осум ипол години затвор за поранешниот светски првак во бокс!

loris stecca

Лорис Стеца, поранешен ВБА светски шампион во супербантам категорија, беше осуден на осум години затвор за обид за убиство на неговиот деловен партнер во 2013 година. 

Овој 54-годишен италијански боксер да титулата дојде во 1984 година, но веќе во првата одбрана ја загуби. Подоцна, тој дошол до уште една можност да го врати појасот, но и тогаш беше поразен. Всушност, само во овие две борби претпе порази во кариерата, која ја заврши со скор од 55-2-2. Во 1989 година уште еднаш беше многу блиску до нова можност, но имаше сообраќајна несреќа, поради која ја прекина кариерата.

По кариерата се посвети на водење на бокс сала, со неговиот бизнис партнер. Токму овој бизнис партнер, Роберт Честер, Стеца го прободе со нож во 2013 година, му нанесе сериозни повреди. Напанатиотд Честер успеа да преживее, но му останаа трајни последици, така што стеца беше обвинет за обид за убиство со умисла.

Вчера судењето заврши, а овој успешен спортист е прогласен за виновен и осуден на осум години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО