Гоце Јанески најдобар странски боксер на „Јадранскиот бисер“!

 Janeskigo prima peharot vo CG

Гоце Јанески (-75 кг) од БК Аперкат-Скопје на Меѓународниот турнир „Јадрански бисер-АИБА“ во Будва-Црна Гора е прогласен за најдобар странски боксер. Јанески се сретна со домашниот боксер од БК Будва, Немања Вучиќ, кој е репрезентативец на Црна Гора. Гоце од почетокот на првата рунда до последната рунда (трета), имал доминација над противникот, потоа со едногласна одлука на судиите е прогласен за победник.

Дарио Тренчев (-91 кг) се сретна со преставникот од БК Подгорица, Коста Божовиќ, кој е доста посикусен, и го загуби мечот со 2:1.

Aperkat vo crna gora

„Мораме да истакнеме дека црногорскиот боксер е многу по искусен боксер и затоа ја доби победата“, велат од БК Аперкат и истакнуваат дека Тренчев има само 18 години, а ова му е трета борба. Тој собира искуство и може да се очекуваат успеси во иднина.

На турнирот учествуваа боксери од Македонија,Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Словенија.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО