Остани дома и тренирај, порачува Куртановиќ

Вонредните мерки и ограничувања кој настанаа поради ширење на епидемијата од коронавирусот секако ги парализираа и спортистите кои совесно и дисциплинирано ги следеа и се придржуваа кон мерките од авторитетите на нашата држава.

„Карате клубот Кеикс веднаш по првите препораки прекина со редовните тренинзи во сала веруваме и се надевавме дека ова кратко ќе трае и ќе се најде брзо решение за излез од кризата настаната од вирусот Ковид-19. Но, следејќи ја ситуацијата увидовме колку е сериозна состојбата секаде во светот. Веруваме и посакуваме сето ова брзо да заврши, а нашите активности ( тренинзи и натпревари) да продолжат, затоа нашите програмски активности продолжуваат со изменет распоред и форма.

Оваа недела требаше да учествуваме на натпревар во Сараево на „Илиџа опен“, а до крајот на јуни имавме уште четри натпревари. Се разбира сите планови до овој период се откажани, приоритет ни е здравјето кое во овој момент е закана за цел свет. Промена во програмата имаме во начинот на изведбата, наместо во сала користиме видео снимки и пишани програми кои преку интернет апликации ги испраќаме до нашите спортисти во домашни услови да тренираат и да ја одржаваат нивната спортска форма. Спортистите се дисциплинирани, совесни и секогаш оптимисти дека ова ќе брзо помине и животот ќе се врати во нормала. Па така, и ние сакаме бргу да продолжиме таму кај што принудно застанавме. Спортистите на КК Кеикс во форма на предизвик им праќаат порака да останат дома и продолжат да вежбаат“, вели нивниот тренер Елвир Куртановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО