Хабиб: Не знам дали воопшто ќе се бориме со Тони

Хабиб Нурмагомедов се врати од САД во Русија поради коронавирусот и призна дека постои голема неизвесност за неговиот дуел со Тони Фергусон на 18 април и одбраната на титулата во лесна категорија.

Хабиб се врати во Русија во понеделникот откако неговата тренинг база во Сан Хозе, Калифорнија, беше затворена поради корона вирусот, и сега како сите руски државјани ќе мора да оди на 14-дневна изолација или му се заканува затворска казна.

„Не сфаќам што се случува. Каде ќе се бориме, дали воопшто ќе се бориме, и сите други детали. Никогаш не помислував на ваква ситуација“, призна Нурмагомедов во понеделникот.

Шефот на УФЦ, Дана Вајт постојано тврдеше дека нема да дојде до петто откажување на долгоочекуваната пресметка во лесна категорија, а една опција е посебниот „камп“ на УФЦ во Лас Вегас, каде што секако, би се оддржал меч без публика, а другата е Дубаи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО