Оскар де ла Хоја веќе нема да се враќа во рингот: Не е тоа веќе за мене

Боксерската легенда Оскар де ла Хоја (49) минатата година најави враќање во рингот. „Голден бој“ требаше во септември да боксира против Витор Белфорт во Лос Анџелес, но беше отпуштен откако заболе од Ковид-19.

Кога се опорави, Де ла Хоја се врати на тренинзите, и повторно покажа желба да се врати во боксот.

Но, во меѓувреме се предомисли и потврди дека нема намера да се врати во рингот.

„Веќе не е за мене, не сакам повеќе да боксирам. Веќе не ја чувствувам таа желба за борба. Тренирав многу и стигнав до нивото на кое сакав да бидам, само се посветив на тоа. И сега сфаќам дека ова апсолутно ме исцрпи и не можам повеќе да се справам со тоа. Добив Ковид-19, кој сè уште предизвикува проблеми со дишењето кога трчам“, рече Оскар Де Ла Хоја и додаде:

„Целосно сум посветен на мојата работа. Имам шест проекти со кои се занимавам надвор од боксот и сите се огромни. Сега треба да имам енергија да го направам тоа. До мене е жена која прави да се чувствувам како Кинг конг и тоа многу ме мотивира. Целосно сум задоволен од сето она што го постигнав во текот на кариерата“.

Де ла Хоја има промотерска куќа Глоден бој бокс која на светската боксерска сцена е околу 20 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО