Погледнете го видеото од апсењето на Џон Џонс лани во Лас Вегас, откако беше примен во Куќата на славните

Џој Џонс беше уапсен и приведен кон крајот на септември минатата година по инцидент во Лас Вегас.

Еден од најдобрите ММА борци беше уапсен од полицијата ноќта откако беше примен во Куќата на славните на УФЦ поради физички напад на вереницата, а потоа при апсењето оштетил полициско возило.

Сега е објавено видео од апсењето на Џонс, направено со „камера на телото“ на еден од полицајците.

На видеото се гледа како Џон во пијана состојба се обидува да и објасни на полицајците дека само одел по улица, и дека сакаат да му ја уништат роденденската забава.

„Ве мразам сите. Зошто го правиш ова? Вечерва го прославив моето влегување во Куќата на славните, а ми го правите тоа додека одам по улицата. Само затоа што сум голем и црнец. Не може ли црнец да пие? – рекол Џон Џонс со лисици на рацете и во очај со главата удрил во хаубата на полициски автомобил.

Свршеницата на Џонс, Џеси Мозес, неколку дена подоцна изјави дека нема никакви проблеми меѓу Џон и неа.

Набргу по инцидентот, Џон Џонс беше исфрлен од салата Џексон Винк и веќе некое време тренира во Фајт рејди џим во Аризона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО