Сехудо му помага на „Корејското зомби“ за да го симне Волкановски од тронот

Речиси девет години по неговиот прв неуспешен напад на титулата во перо категорија, кој заврши со нокаут од Жозе Алдо на УФЦ 163, долгогодишниот вицешампион Чан Сунг Јунг доби уште една шанса да стане шампион доколку го победи Александар Волкановски на УФЦ 273.

Оваа можност го донесе Јунг во Аризона, каде што тренираше со поранешниот двоен шампион Хенри Сехудо.

„Хенри многу го изненади, бидејќи откако Чан ја доби борбата за титулата, почна редовно да му помага“, изјави тренерот Еди Ча.

„Сехудо е на секој тренинг, на секој тимски состанок што го имаме за Чан. Спарираше, тренираше со него и е многу посветен. Можеби и самиот не сфаќа колку е добар и интелигентен спортист. Кога го гледате на телевизија Сехудо е мал, чудно, но кога ги нема камерите, тој споделува многу со Јунг, се кара со него, го менторира. Хенри е важен дел од овој тренинг камп“.

Волкановски првично требаше да се соочи со поранешниот шампион Макс Холовеј, но тој се повлече поради повреда. Тогаш Јунг се наметна откако го победи Дан Иге.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО