Излелзе филмот за Садулаев и Снајдер (ВИДЕО)

Веќе е достапен филмот „Аџилак: Патување до Меката на борењето“ за посетата на Кајл Снајдер кај неговиот најголем ривал на душекот Абдулрашид Садулаев, во Дагестан.

Токму во Дагестан Снајдер ја покажа својата висока класа, освојувајќи го златниот медал на меморијалниот турнир на познатите борачи од 19 и 20 век, одржан во Палатата на спортовите во Касавјурт, Дагестан.

Потсетуваме, американскиот борач му гостуваше на Абдулрашид Садулаев.

Двајцата големи борачи, кои се и олимписки шампиони, со хеликоптер ја обиколија автономната руска република. Аварскиот тенк дури го трансформираше Снајдер, облекувајќи го како средновековен дагестански коњаник.

„Далеку од дома, на место каде борењето е природно како и дишењето, Кајл Снајдер тргнува на патување како ниеден друг во срцето на Дагестан. Доживејте го борењето максимално додека Кајл ја посетува татковината на својот најлут ривал“, напиша спортскиот канал РУДИС + на својот Инстаграм профил, додавајќи моменти од снимката.

Еден од двата порази во кариерата на Садулаев е од Кајл Снајдер – во финалето на Светското првенство во 2017 година. Сепак, оттогаш дагестанскиот борец победи на вкупно три дуели со американскиот противник.

Оваа година Садулаев и Снајдер се сретнаа во финалето на двете најсилни натпреварувања – Олимписките игри и Светското првенство. Во финалето во Токио дагестанскиот борач победи со 6-3, детронизирајќи го олимпискиот шампион во истата категорија од Рио де Жанеиро. Два месеци подоцна, Садулаев го победи Снајдер со 6-0 во последната пресметка до 97 килограми во слободен стил на Светското првенство во Осло, Норвешка, славејќи ја својата 5-та светска титула.

Абдулрашид Садулаев е двократен олимписки шампион (до 86 кг и до 97 кг), петкратен светски шампион и освојувач на четири европски титули.

Кајл Снајдер е олимписки шампион од Рио 2016 година на 97 килограми и сребрен медалист од Токио 2020 година во истата категорија. 25-годишниот Американец има и две светски титули, како и уште два медали од светските првенства (сребрен и бронзен). Тој е четирикратен панамерикански шампион и двоен златен медалист на Панамериканските игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО