Садулаев: Ќе продолжам да испишувам историја (ВИДЕО)

Абдулрашид Садулаев, двократен олимписки шампион, изјави дека планира да продолжи да испишува историја на борењето во слободен стил. Борачот освои се што е можно во кариерата, но тоа не го спречува да се стреми кон нови височини, односно рекорди.

Само со 25 години Садулаев веќе е легенда на светското борење. Не ја знае „горчината“ на поразот од финалето за светската титула во 2017 година кога загуби од најголемиот ривал – Американецот Кајл Снајдер со 5-6 на поени.

„Патот ќе се совлада со пешачење. Моето патување трае скоро 20 години. Слава на Семоќниот, помина многу, но претстои нова етапа. Ќе продолжам да пишувам историја“, напиша Аварскиот тенк на својот Инстаграм профил, додавајќи филм кој содржи некои од највредните победи на Дагестанецот на душекот.

Потсетуваме дека деновиве беше објавен филмот „Аџилак: Патување во Меката на борењето“ за посетата на Кајл Снајдер на неговиот најголем ривал на душекот – Абдулрашид Садулаев во Дагестан. Американскиот борач му гостуваше на Абдулрашид Садулаев. Двајцата големи борачи, кои се и олимписки шампиони, со хеликоптер ја обиколија автономната руска република. Аварскиот тенк дури го трансформираше Снајдер, облекувајќи го како средновековен дагестански коњаник.

Минатата 2021 година беше многу успешна за Абдулрашид Садулаев. Прво ја освои втората олимписка титула во друга категорија – победувајќи го својот голем противник Кајл Снајдер од САД во финалето до 97 килограми во слободен стил на Игрите во Токио, а потоа ја освои петтата светска титула, повторно победувајќи го својот најголем противник.

Садулаев доби 60 последователни борби на душекот!

Дагестанецот има вкупен биланс од 139 победи и само 2 порази во кариерата (еден е од Снајдер). Тој е олимписки шампион (2016) во категоријата до 86 килограми. а веќе од Токио – на 97 кг. Аварскиот тенк има вкупно пет светски титули (2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година). Борачот од Русија двапати ги освои Европските игри (2015 и 2019 година), а е и четирикратен европски шампион (2014, 2018, 2019 и 2020 година).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО