Оскар де ла Хоја: Канело е број 1 (ВИДЕО)

Боксерскиот менаџер Оскар де ла Хоја не го криеше задоволството откако Сол Алварез – Канело го нокаутира Сергеј Ковалов во 11-тата рунда.

На прес-конференцијата по дуелот, Оскар ги повика љубителите на боксот да го препознаат Канело како боксер број 1, при што наведе неколку причини за тоа.

„Канело продолжува да ги негира сите. Признавам дека дури и ме изненади. Тој е посебен и мора да признаеме дек е можеби најдобриот мексикански борец на сите времиња и дека во моментов е најдобар на светот“, смело рече поранешниот светски шампион во бокс.

Де ла Хоја, кој исто така беше задоволен од победите на другите борци на „Голден бој промоцијата“, истакна дека Васил Ломаченко и Теренс Крафорд не се креваат во повисоки категории, за разлика од Сол.

„Така прават легендите. Го ставаат во опасност нивното наследство. Ако сакате да бидете голем борец, мора да преземете ризик. Точно тоа го стори Канело. Беше тешко, но заврши одлична работа“, рече еден од владетелите во лесна категорија од блиското минато.

Канело ја извојува трета победа во третиот меч од неговите 11 борби според договорот медиумската платформа ДАЗН, кој му обезбеди неверојатни 365 милиони долари. Мексиканецот ја забележа 36-та со нокаут и вкупно 53-тата победа, со само 1 пораз од Флојд Мејведер. Коваyов го забележа четврти пораз и остана со 34 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО