Осенсеи освои три одличја на „Бар опен“

На Меѓународниот џиу џицу турнир „Бар опен“ во Бар, Црна Гора, натперварувачите на Осенсеи од Штип освоија три медали – 2 златни и 1 сребрен.

Златни медали освоија Јован Николиски (У12, -24 кг) и Станислав Грпов (У18, -60 кг), додека сребрен обезбеди Данил Николиски (У18, -55 кг).

„Ќе жалиме за финалето на Данил Николиски, бидејќи го имаше противникот во осеакоми, но по 10-та секунда се извлече. Беа потребни само 5 секунди Данил да го добиеше финалето со Фулипон“, вели тренерот Виктор Велинов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО