Македонија со пет кикбоксери на СП за деца, кадети и јуниори во Италија

Македонската кикбокс репрезентација заминува на ВАКО Светското кик бокс првенство за деца, кадети и јуниори во Лидо Ди Једоло, Италија, кое ќе се одржи од 30.09 до 09.10.2022 година.

За Македонија ќе настапат: Марија Димовска, Јадранка Темелковска, Силвио Мировски, Нелсон Узеир и Панче Витанов.

Репрезентацијата ја предводи претседстелот на Кик бокс маи таи федерацијата м-р Дејан Митровски – Урко, заедно со генералниот секретар Драган Атанасовски.

„Следи врвно светско кик бокс доживување на кое силите ќе си ги одмерат 1924 натпреварувачи во 2566 пријави од 62 држави од светот. Се надеваме на високи достигнувања и медали, но ќе го чекаме крајниот исход од натпреварите. Репрезентацијата е подготвена и спремна да се бори за медали на татами и ринг. Марија Димовска и Нелсон Узеир ќе настапат на татами во дисцилината кик лајт, а Јадранка Темелкова, Силвио Мировски и Панче Витанов ќе се борат на ринг во дисциплината лоу кик. Конкуренцијата е голема бидејќи ова е најмасовното јуниорско кик бокс првенство досега, но ние ова го доживуваме како поттик и мотив за врвна борба и секако достигнување на светски медали“, изјави Дејан Митровски – Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО