ОСБ: Шабан Трстена најмладиот олимписки шампион

Обединетото светско борење (ОСБ, UWW) во рубриката „Oлимписки моменти“ на својата веб-страница потсети дека Шабан ТРСТЕНА од Југославија го совладал КИМ Јонг-Кју (Ј. Кореја) во олимпиското финале на Олимписките игри 1984 година во Лос Анџелес во категоријата до 52 кг и станал најмладиот олимписки шампион во слободен стил.

„Имаше 19 години 7 месеци и 9 дена“, истакнува ОСБ.

Да потсетиме дека ОСБ по втор пат го истакнува Трстена како најмлад олимписки шамион. Со ова ОСБ ги мотивира младите борачи во светот дека пред себе имаат голем предизвик да соборат рекорд стар 37 години.

Додека УВВ на големо го користи името на Шабан Трстена, кај нас како тој да не постои за Федерацијата, иако доброволно го гледаме на многу спортски натпревари и кај пријателите борачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON