Нови проблеми за Чимаев

Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев може да направи подолга пауза. Борецот ќе мора да оди на операција на коленото.

„Постои можност Хамзат да оди на операција на коленото“, пишуваат во Русија.

Претходно, Хамзат Чимаев страдаше од коронавирус и се опоравуваше од него многу долго време. Имаше време кога Хамзат дури најави и пензија поради лошото здравје. Потоа, сепак, тој доби покана од Рамзан Кадиров и одлета во Грозни да се подложи на рехабилитација. Третманот во Чеченија беше корисен за Чимаев, па дури кон крајот на мај имаше гласини дека Хамзат ќе се врати во октагонот во јули или август.

Околу ова време, Чимаев си дозволи да зборува остро за поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов, велејќи дека може да го „скрши“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО